COLIB.MK - податоци за библиотеките во Република Македонија
Базата на податоци COLIB.MK содржи податоци за библиотеките во Република Македонија кои учествуваат во системот COBISS.MK.
Содржина
COLIB.MK претставува составен дел од системот COBISS.MK. Содржи записи со податоци за библиотеките кои учествуваат во системот COBISS.MK во својство на полноправни или придружени членки. Покрај информативните податоци и податоците за контакт, содржи и податоци кои на единствен начин ја идентификуваат библиотеката во рамки на системот, како и податоци кои се неопходни за одделни сегменти на системот COBISS.MK.
Список на префикси и суфикси за пребарување
Список на префикси за пребарување
Со користење на префиксите за пребарување го одредувате индексот за пребарување по кој сакате да пребарувате. Во продолжение се наоѓа списокот на префикси за пребарување со значењето и со примери:
Префикс | Значење | Пример на пребарување |
---|---|---|
AC= | Акроним во системот COBISS.MK | AC=NBGDST |
MC= | Члeнство во системot COBISS.МК | MC=2 |
AS= | Достапност на услуги | AS=1 |
NA= | Назив на институцијата/библиотеката | NA=кинотека на македонија |
CI= | Место | CI=Скопје |
RP= | Одговорни лица | RP=Весна |
ST= | Статус на библиотеката | ST=1 |
SI= | Нумеричка ознака на библиотеката - сигла | SI=40001 |
UN= | Универзитет | UN=101 |
LT= | Вид на библиотеката | LT=2 |
Список на суфикси за пребарување
При пребарување по основниот индекс т.е. при пребарувања по зборови, можете да додадеме суфикс за пребарување и така да го ограничите пребарувањето по зборови на одделен индекс за пребарување. Во продолжение се наоѓа списокот на суфикси за пребарување со значењето и со примери.:
Суфикс | Значење | Пример на пребарување |
---|---|---|
/NA | Назив на институцијата/библиотеката | факултет* and безбедност/NA |
/RP | Одговорни лица | Антевски*/RP |
Информации за базата на податоци и понудувачот
Информации за базата на податоци:
- Вид на базата на податоци: фактографска
- Вид на податоци: опфаќа податоци за библиотеките
- Број на записи: над 75
- Ажурирање: двапати месечно
Информации за понудувачот:
- Изработка: IZUM - Институт на информациски науки
- Адреса: Прешернова улица 17, 2000 Марибор, Словенија
- Телефон: +386 (0)2 2520 331
- Факс: +386 (0)2 2524 334
- Е-пошта: podpora@izum.si
- URL: http://www.izum.si/