Новости и известувања
Новости COBISS+, V10.0
16, април 2022
Новости, поправки и дополнувања
- Сменет е доменот, односно интернет адресата на COBISS+ која сега ги опфаќа ознаката на државата и ознаката на јазикот.
- Додадена е базата Unpaywall со неколку десетици милиони научни статии со слободен пристап и со линкови до целосните текстови.
- За Моите пребарувања овозможивме чување на одделни пребарувања под произволен назив.
- Додадени се нови формати за цитирање.
Новости COBISS+, V9.0
21, ноември 2021
Новости, поправки и дополнувања
- Додадена е можноста за поставување на предупредувањата за изведени и зачувани пребарувања (т.н. Search alerts), со што корисникот во избраниот период (неделно или месечно) на својата е-адреса ќе добива известувања за новата граѓа за своето пребарување. Во моментот е достапна бета верзија на оваа функционалност. Списокот на предупредувања е достапен на ново ливче Мои предупредувања по пријавување во Мојот профил COBISS.
- Овозможено е пребарување по изрази во рамки на одделна фасета.
- Во делот Барај понатаму е ажурирана функционалноста Сите изданија и преводи и е додадена можноста Сите изданија на тој јазик.
- Името на копчето SFX е променето во Целосен текст, а приказот на копчето WorldCat е поврзан за приказот на записот во форматот COMARC.
- Дополнет е приказот на податоци за записи за адлигати.
- На списоците Граѓа во рамки на Мојата библиотека во сите табели (Зајмена, Резервирана, Друга граѓа и Извори на мрежа) насловите на граѓата сега се поврзани со линкови.
- Ускладен е приказот на податоци од полињата 856 за податоците од dCOBISS и од базата ELINKS.
Новости COBISS+, V8.0
4, јуни 2021
Новости, поправки и дополнувања:
- За зајмениот и/или резервираниот примерок граѓа се прикажува дополнителна информација за предвидениот датум по кој граѓата ќе биде достапна, како и податок за местото во редицата за чекање во случај на резервација на изабраниот примерок граѓа.
- Поедноставена постапка на зајмување и можност за предвремено враќање на звучните книги на понудувачот Audibook.
- При менување на бројот на членот, на новото членство се пренесува и историјата на зајмувањето.
- Овозможен е приказ на дополнителен текст во прозорецот за избор на место за преземање при резервација.
- Додадени се нови формати за цитирање.
Новости COBISS+, V7.13
28, март 2021
Новости, поправки и допoлнувања
- Образецот за изборно пребарување е ажуриран и дополнет со опција за избор на филтер во избраните фасети пред изведување на пребарувањето.
- Ажуриран е приказот на бројот на зајмувања за одделен запис кај опцијата за избор на периодот.
- Додадена е можност за приказ на записот во изабраните формати за цитирање и можност за извоз во BibTex и RIS без претходно пријавување во Мојот профил COBISS.
- Приказот на списокот на резултати од пребарувањето е ограничен на првите 1.000 записи, односно 50 страници во случај на поставувања 10/страница.
- Во избор и поставување на приказот на бројот на резултати од пребарувањата на одделна страница е додадена опцијата 100/страница.
Новости COBISS+, V7.12
18, октомври 2020
Новости, поправки и дополнувања:
- Додадена е нова функционалност Нарачување граѓа која се врши во рамки на меѓубиблиотечното зајмување за нарачување статии и е-извори.
- Подобрено работење на COBISS+ за слепи и слабовидни.
- Ажуриран е приказот за достапност до е-извори.
- Ажурирани се изгледот и содржината на е-пораките кои членот ги добива од COBISS+ при упис или уредување на лозинката и е-адресата во библиотеката (заборавена лозинка за профилот Мојот COBISS, измена или внес на е-адресата, упис преку интернет, креирање профил со помош на е-адресата).
- Профилните слики, односно аватари се гледаат и во COBISS+ кадешто можат и да се уредат.
- Овозможено е бришење на историјата на зајмувања во Мојата библиотека.
- Во изборното пребарување е овозможено користење на логичкиот оператор OR во исто поле за пребарување.
- Подобрен е приказот на веб-линкови и dCOBISS-документи во основните податоци на записите за граѓата.
Новости COBISS+, V7.11
9, мај 2020
Новости, корекции и дополнувања:
- Изменет е редот на менијата на COBISS+, со што се подобрени претходните искуства на корисниците.
- Во фасетното ограничување е овозможена употреба на повеќе филтери истовремено.
- Во сите бази во рамки на COBISS+ и на е-изворите е овозможен извоз на списокот на резултатите од пребарувањата и податоците за граѓата во Excel, без пријавување во Профилот Мојот COBISS.
- Приказот Моите библиотеки го истакнавме и го додадовме под образецот за пребарување, во случај корисникот да е пријавен во Профилот Мојот COBISS.
- Во Мојата библиотека е овозможено бришење на телефонскиот број за SMS-известување.
- Овозможено е предвремено враќање на е-книги на понудувачот Biblos.
Новитети COBISS+, V7.10
1, март 2020
Новитети, поправки и дополнувања:
- Ажуриран е и преименуван профилот во профил Мојот COBISS со вклучена контрола за изоставен податок за е-адреса. Е-адресата е еден од клучните идентификатори за пријавување во профилот Мојот COBISS.
- Во извоз на податоци од Мојата полица додадени се записите за е-извори.
- За пребарување по COBISS додадена е фасетата Типологија на документите/делата<.
- За пребарување по е-извори додадена е фасетата Датум на издавање.
- Поедноставена е постапката на зајмување е-книги од понудувачот Библос.
Новости COBISS+, V7.9
17, декември 2019
Измени и дополнувања:
- Повеќе мали измени и дополнувања.
Новости COBISS+, V7.8
12, октомври 2019
Новитети, корекции и дополнувања:
- Студентите, со помош на студентскиот идентитет, можат да се упишат преку интернет.
- Членовите на училишните библиотеки, со помош на идентитетот ARNESAAI, можат да се пријават во профилот Мојот COBISS.
- Ажуриран е приказот на списокот Моите библиотеки, кој е прилагоден за мобилни уреди.
Новости COBISS+, V7.7
3, јули 2019
Новости, измени и дополнувања:
- Во исписите е додадена целна група на читатели.
- Подобрена е поддршката за статусот на фондот за библиотеките без зајмување.
- COBISS+ е инсталиран во сите системи COBISS:
- https://plus.sr.cobiss.net/opac7/bib/search
- https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/search
- https://plus.bh.cobiss.net/opac7/bib/search
- https://plus.rs.cobiss.net/opac7/bib/search
- https://plus.al.cobiss.net/opac7/bib/search
- https://plus.bg.cobiss.net/opac7/bib/search
- https://plus.cg.cobiss.net/opac7/bib/search