Новости и известувања

Новости COBISS+, V10.0

16, април 2022

Новости, поправки и дополнувања

  • Сменет е доменот, односно интернет адресата на COBISS+ која сега ги опфаќа ознаката на државата и ознаката на јазикот.
  • Додадена е базата Unpaywall со неколку десетици милиони научни статии со слободен пристап и со линкови до целосните текстови.
  • За Моите пребарувања овозможивме чување на одделни пребарувања под произволен назив.
  • Додадени се нови формати за цитирање.

Новости COBISS+, V9.0

21, ноември 2021

Новости, поправки и дополнувања

  • Додадена е можноста за поставување на предупредувањата за изведени и зачувани пребарувања (т.н. Search alerts), со што корисникот во избраниот период (неделно или месечно) на својата е-адреса ќе добива известувања за новата граѓа за своето пребарување. Во моментот е достапна бета верзија на оваа функционалност. Списокот на предупредувања е достапен на ново ливче Мои предупредувања по пријавување во Мојот профил COBISS.
  • Овозможено е пребарување по изрази во рамки на одделна фасета.
  • Во делот Барај понатаму е ажурирана функционалноста Сите изданија и преводи и е додадена можноста Сите изданија на тој јазик.
  • Името на копчето SFX е променето во Целосен текст, а приказот на копчето WorldCat е поврзан за приказот на записот во форматот COMARC.
  • Дополнет е приказот на податоци за записи за адлигати.
  • На списоците Граѓа во рамки на Мојата библиотека во сите табели (Зајмена, Резервирана, Друга граѓа и Извори на мрежа) насловите на граѓата сега се поврзани со линкови.
  • Ускладен е приказот на податоци од полињата 856 за податоците од dCOBISS и од базата ELINKS.

Новости COBISS+, V8.0

4, јуни 2021

Новости, поправки и дополнувања:

  • За зајмениот и/или резервираниот примерок граѓа се прикажува дополнителна информација за предвидениот датум по кој граѓата ќе биде достапна, како и податок за местото во редицата за чекање во случај на резервација на изабраниот примерок граѓа.
  • Поедноставена постапка на зајмување и можност за предвремено враќање на звучните книги на понудувачот Audibook.
  • При менување на бројот на членот, на новото членство се пренесува и историјата на зајмувањето.
  • Овозможен е приказ на дополнителен текст во прозорецот за избор на место за преземање при резервација.
  • Додадени се нови формати за цитирање.

Новости COBISS+, V7.13

28, март 2021

Новости, поправки и допoлнувања

  • Образецот за изборно пребарување е ажуриран и дополнет со опција за избор на филтер во избраните фасети пред изведување на пребарувањето.
  • Ажуриран е приказот на бројот на зајмувања за одделен запис кај опцијата за избор на периодот.
  • Додадена е можност за приказ на записот во изабраните формати за цитирање и можност за извоз во BibTex и RIS без претходно пријавување во Мојот профил COBISS.
  • Приказот на списокот на резултати од пребарувањето е ограничен на првите 1.000 записи, односно 50 страници во случај на поставувања 10/страница.
  • Во избор и поставување на приказот на бројот на резултати од пребарувањата на одделна страница е додадена опцијата 100/страница.

Новости COBISS+, V7.12

18, октомври 2020

Новости, поправки и дополнувања:

  • Додадена е нова функционалност Нарачување граѓа која се врши во рамки на меѓубиблиотечното зајмување за нарачување статии и е-извори.
  • Подобрено работење на COBISS+ за слепи и слабовидни.
  • Ажуриран е приказот за достапност до е-извори.
  • Ажурирани се изгледот и содржината на е-пораките кои членот ги добива од COBISS+ при упис или уредување на лозинката и е-адресата во библиотеката (заборавена лозинка за профилот Мојот COBISS, измена или внес на е-адресата, упис преку интернет, креирање профил со помош на е-адресата).
  • Профилните слики, односно аватари се гледаат и во COBISS+ кадешто можат и да се уредат.
  • Овозможено е бришење на историјата на зајмувања во Мојата библиотека.
  • Во изборното пребарување е овозможено користење на логичкиот оператор OR во исто поле за пребарување.
  • Подобрен е приказот на веб-линкови и dCOBISS-документи во основните податоци на записите за граѓата.

Новости COBISS+, V7.11

9, мај 2020

Новости, корекции и дополнувања:

  • Изменет е редот на менијата на COBISS+, со што се подобрени претходните искуства на корисниците.
  • Во фасетното ограничување е овозможена употреба на повеќе филтери истовремено.
  • Во сите бази во рамки на COBISS+ и на е-изворите е овозможен извоз на списокот на резултатите од пребарувањата и податоците за граѓата во Excel, без пријавување во Профилот Мојот COBISS.
  • Приказот Моите библиотеки го истакнавме и го додадовме под образецот за пребарување, во случај корисникот да е пријавен во Профилот Мојот COBISS.
  • Во Мојата библиотека е овозможено бришење на телефонскиот број за SMS-известување.
  • Овозможено е предвремено враќање на е-книги на понудувачот Biblos.

Новитети COBISS+, V7.10

1, март 2020

Новитети, поправки и дополнувања:

  • Ажуриран е и преименуван профилот во профил Мојот COBISS со вклучена контрола за изоставен податок за е-адреса. Е-адресата е еден од клучните идентификатори за пријавување во профилот Мојот COBISS.
  • Во извоз на податоци од Мојата полица додадени се записите за е-извори.
  • За пребарување по COBISS додадена е фасетата Типологија на документите/делата<.
  • За пребарување по е-извори додадена е фасетата Датум на издавање.
  • Поедноставена е постапката на зајмување е-книги од понудувачот Библос.

Новости COBISS+, V7.9

17, декември 2019

Измени и дополнувања:

  • Повеќе мали измени и дополнувања.

Новости COBISS+, V7.8

12, октомври 2019

Новитети, корекции и дополнувања: 

  • Студентите, со помош на студентскиот идентитет, можат да се упишат преку интернет.
  • Членовите на училишните библиотеки, со помош на идентитетот ARNESAAI, можат да се пријават во профилот Мојот COBISS.
  • Ажуриран е приказот на списокот Моите библиотеки, кој е прилагоден за мобилни уреди.

Новости COBISS+, V7.7

3, јули 2019

Новости, измени и дополнувања: