CONOR – нормативна датотека на лични и корпоративни имиња

CONOR е нормативна база на податоци на имиња на авторите (лица и корпоративни тела).

Содржина

CONOR содржи нормативни записи со податоци за авторите. Базата е наменета за нормативна контрола на личните имиња и имињата на корпоративните тела. Нормативната контрола се темели на врската помеѓу библиографските и нормативните записи.

Нормативните записи содржат нормативни пристапни точки кои се единствено одредени за употреба во целокупниот систем на каталогизација, и друге податоци, како што се варијантните и сродните пристапни точки, забелешки итн. Базата се ажурира дневно за потребите на заемната каталогизација.