Новости и известувања

Новости COBISS+, V13.0

15 јануари 2023

Новости, поправки и дополнувања

  • Промена на образецот на резервацијата во која се зема предвид најповолниот статус од фондот на одделението без оглед на инвентарниот број на граѓата за библиотеки со места за преземање.
  • Ажурирано е пријавувањето со сметка на Google во Мојот профил и е повлечено пријавувањерто со сметка на Facebook.
  • Приказот на иконата за локатор на граѓа е поврзан со исцртување на моделот и внес на податоците за интерната ознака и/или УДК број на граѓата.

Новости COBISS+, V12.0

9 октомври 2022

Новости, корекции и дополнувања

  • Промена на моделот на резервација со кој се уважува најдобриот статус од фондот на одделението без оглед на инвентарниот број на граѓата за библиотеките без место за подигање на граѓата.
  • Во COBISS+ е додадена нова апликација Локатор на книги за визуелен тридимензионален приказ на локацијата на избраната граѓа на полиците во библиотеката. Апликацијата овозможува едноставно исцртување на просториите на библиотеката со елементите како што се: полици, кутии за граѓа, пултови, маси, столици и други елементи и потоа тридимензионален приказ на просториите на библиотеката.
  • Во записите во базата CONOR е подобрен приказот на организациите, варијантните ознаки и линковите до записот во SICRIS, доколку постои.

Новости COBISS+, V11.0

19 јуни 2022

Новости, исправке и допуне

  • Допунили смо Моју библиотеку језичком Адреса за доставу на којем чланови могу промијенити адресу за доставу резервиране грађе избором мјеста за преузимање „Достава поштом“.
  • Записе у COBIB-у допунили смо дугметом PDF с линком на комплетан текст (Full Text) у слободном приступу ако се запис за ту грађу налази и у бази Unpaywall.

Новости COBISS+, V10.0

16 април 2022

Новости, поправки и дополнувања

  • Сменет е доменот, односно интернет адресата на COBISS+ која сега ги опфаќа ознаката на државата и ознаката на јазикот.
  • Додадена е базата Unpaywall со неколку десетици милиони научни статии со слободен пристап и со линкови до целосните текстови.
  • За Моите пребарувања овозможивме чување на одделни пребарувања под произволен назив.
  • Додадени се нови формати за цитирање.

Новости COBISS+, V9.0

21 ноември 2021

Новости, поправки и дополнувања

  • Додадена е можноста за поставување на предупредувањата за изведени и зачувани пребарувања (т.н. Search alerts), со што корисникот во избраниот период (неделно или месечно) на својата е-адреса ќе добива известувања за новата граѓа за своето пребарување. Во моментот е достапна бета верзија на оваа функционалност. Списокот на предупредувања е достапен на ново ливче Мои предупредувања по пријавување во Мојот профил COBISS.
  • Овозможено е пребарување по изрази во рамки на одделна фасета.
  • Во делот Барај понатаму е ажурирана функционалноста Сите изданија и преводи и е додадена можноста Сите изданија на тој јазик.
  • Името на копчето SFX е променето во Целосен текст, а приказот на копчето WorldCat е поврзан за приказот на записот во форматот COMARC.
  • Дополнет е приказот на податоци за записи за адлигати.
  • На списоците Граѓа во рамки на Мојата библиотека во сите табели (Зајмена, Резервирана, Друга граѓа и Извори на мрежа) насловите на граѓата сега се поврзани со линкови.
  • Ускладен е приказот на податоци од полињата 856 за податоците од dCOBISS и од базата ELINKS.

Новости COBISS+, V8.0

4 јуни 2021

Новости, поправки и дополнувања:

  • За зајмениот и/или резервираниот примерок граѓа се прикажува дополнителна информација за предвидениот датум по кој граѓата ќе биде достапна, како и податок за местото во редицата за чекање во случај на резервација на изабраниот примерок граѓа.
  • Поедноставена постапка на зајмување и можност за предвремено враќање на звучните книги на понудувачот Audibook.
  • При менување на бројот на членот, на новото членство се пренесува и историјата на зајмувањето.
  • Овозможен е приказ на дополнителен текст во прозорецот за избор на место за преземање при резервација.
  • Додадени се нови формати за цитирање.

Новости COBISS+, V7.13

28 март 2021

Новости, поправки и допoлнувања

  • Образецот за изборно пребарување е ажуриран и дополнет со опција за избор на филтер во избраните фасети пред изведување на пребарувањето.
  • Ажуриран е приказот на бројот на зајмувања за одделен запис кај опцијата за избор на периодот.
  • Додадена е можност за приказ на записот во изабраните формати за цитирање и можност за извоз во BibTex и RIS без претходно пријавување во Мојот профил COBISS.
  • Приказот на списокот на резултати од пребарувањето е ограничен на првите 1.000 записи, односно 50 страници во случај на поставувања 10/страница.
  • Во избор и поставување на приказот на бројот на резултати од пребарувањата на одделна страница е додадена опцијата 100/страница.

Новости COBISS+, V7.12

18 октомври 2020

Новости, поправки и дополнувања:

  • Додадена е нова функционалност Нарачување граѓа која се врши во рамки на меѓубиблиотечното зајмување за нарачување статии и е-извори.
  • Подобрено работење на COBISS+ за слепи и слабовидни.
  • Ажуриран е приказот за достапност до е-извори.
  • Ажурирани се изгледот и содржината на е-пораките кои членот ги добива од COBISS+ при упис или уредување на лозинката и е-адресата во библиотеката (заборавена лозинка за профилот Мојот COBISS, измена или внес на е-адресата, упис преку интернет, креирање профил со помош на е-адресата).
  • Профилните слики, односно аватари се гледаат и во COBISS+ кадешто можат и да се уредат.
  • Овозможено е бришење на историјата на зајмувања во Мојата библиотека.
  • Во изборното пребарување е овозможено користење на логичкиот оператор OR во исто поле за пребарување.
  • Подобрен е приказот на веб-линкови и dCOBISS-документи во основните податоци на записите за граѓата.

Новости COBISS+, V7.11

9 мај 2020

Новости, корекции и дополнувања:

  • Изменет е редот на менијата на COBISS+, со што се подобрени претходните искуства на корисниците.
  • Во фасетното ограничување е овозможена употреба на повеќе филтери истовремено.
  • Во сите бази во рамки на COBISS+ и на е-изворите е овозможен извоз на списокот на резултатите од пребарувањата и податоците за граѓата во Excel, без пријавување во Профилот Мојот COBISS.
  • Приказот Моите библиотеки го истакнавме и го додадовме под образецот за пребарување, во случај корисникот да е пријавен во Профилот Мојот COBISS.
  • Во Мојата библиотека е овозможено бришење на телефонскиот број за SMS-известување.
  • Овозможено е предвремено враќање на е-книги на понудувачот Biblos.

Новитети COBISS+, V7.10

1 март 2020

Новитети, поправки и дополнувања:

  • Ажуриран е и преименуван профилот во профил Мојот COBISS со вклучена контрола за изоставен податок за е-адреса. Е-адресата е еден од клучните идентификатори за пријавување во профилот Мојот COBISS.
  • Во извоз на податоци од Мојата полица додадени се записите за е-извори.
  • За пребарување по COBISS додадена е фасетата Типологија на документите/делата<.
  • За пребарување по е-извори додадена е фасетата Датум на издавање.
  • Поедноставена е постапката на зајмување е-книги од понудувачот Библос.