Помош

    Вовед во COBISS+

    Преглед

    На секоја страница на COBISS+ ви стои на располагање помош која можете да ја најдете во редицата со менија крајно десно со кликнување на опцијата Помош, и тоа за сегментот во кој во моментот се наоѓате. За прикажување на останатата содржина на помошта можете да ја користите содржината на помошта во десниот дел на екранот. Во содржината на помошта можете да пребарувате со комбинација на тастерите CTRL + F. При прегледување на содржината, во долниот десен дел на екранот се појавува копче со стрелка нагоре, кое ве враќа на врвот на содржината на помошта.

    Ако сакате веднаш да добиете помош од информаторите, можете да ја користите опцијата Помош во живо која се наоѓа на паѓачкиот список од опцијата Помош во редицата со менија.

    Што е COBISS+?

    COBISS+ им овозможува на библиотеките и на корисниците онлајн пристап до следните бази на податоци:

    • заемната библиографско-каталошка база на податоци COBIB – заедничкиот каталог на библиотеките кои учествуваат во системот COBISS
    • локалните бази на податоци – каталози на библиотеките во системот COBISS
    • други бази на податоци во системот COBISS – специјализирани бази на податоци кои се составен дел од системот COBISS
    • други информациски извори – странски и домашни специјализирани бази на податоци

    COBISS+ е наменет за сите корисници: истражувачи, ученици, студенти, професори, пензионери... т.е. за секој што бара релевантни информации или достапна граѓа во библиотеките, дури кога станува збор и за електронска граѓа.

    Како да го одредите начинот на пребарување кој најмногу ви одговара

    Во заемната библиографска база на податоци COBIB, во локалните бази на податоци на библиотеките и другите бази на податоци можете да употребите еден од следните начини на пребарување:

    1. Основно пребарување – внесувате зборови или израз, кликнувате на ПРЕБАРАЈ и ги добивате резултатите од пребарувањето.
    2. Изборно пребарување – користите образец за пребарување, избирате полиња за пребарување кои можете да ги комбинирате со логички оператори.
    3. Командно пребарување – самите обликувате барање за пребарување со правилна синтакса за пребарување, и притоа треба да ја познавате структурата на библиографските записи.

    Го избирате оној начин на пребарување кој во дадениот случај ви одговара најмногу. Основното пребарување е наменето за општи прашања. При изборно или командно пребарување, со прецизно формулирање на барањето за пребарување, се наоѓате поблиску до саканите резултати. Повеќе информации за начините на пребарување можете да најдете во поглавјето "Пребарување".

    За каква граѓа можете да испратите прашања?

    Записите во библиографско-каталошките бази на податоци на системот COBISS.MK ги подготвуваат библиотекари. Основните видови граѓа по кои можете да пребарувате се:

    • монографски публикации
    • сериски публикации
    • статии
    • звучни записи
    • видеозаписи
    • филмови
    • картографска граѓа
    • нотна граѓа
    • сликовна граѓа
    • играчки – предмети
    • компјутерски записи
    • изведени дела

    Граѓата може да биде во печатен или во електронски облик. Записите можат да содржат и линкови до целосни текстови.

    Пријавување во COBISS+ (1)

    Со пријавувањето ги овозможувате сите функционалности на апликацијата COBISS+ бидејќи, покрај пребарувањата, можете да ги користите и опциите на сервисот Мојата библиотека, кои се поврзани со одделна библиотека, како и опциите на корисничкиот профил, кој овозможува бројни поставувања на корисничкиот интерфејс и други приспособувања.

    Можни се следните начини на пријавување:

    • COBISS AAI – пријавување врз основа на сервисот Мојата библиотека (корисничкото име и лозинката ги добивате во библиотеката)
    • ArnesAAI – пријавување, погодно за студентите, учениците и учителите во институциите кои се вклучени во Федерацијата ArnesAAI
    • Google – пријавување за корисниците кои за пријавување сакаат да ги користат податоците за пријавување од својата сметка на Google+
    • Facebook – пријавување за корисниците кои за пријавување сакаат да ги користат податоците за пријавување од својата сметка на Facebook
    • е-адреса – пријавување врз основа на избрана е-адреса на корисникот

    Без пријавување можни се само основните функционалности на пребарувачот, кои се поврзани со тековната сесија на корисникот.

    Што е ново во COBISS+?

    Новата верзија COBISS+ носи бројни нови функционалности кои на корисниците ќе им бидат од помош при пребарување на информациите и граѓата за потребите на истражувањата, наставата и за општа употреба. Некои од основните новости се:

    • нов графички интерфејс кој е приспособен за употреба и на мобилни уреди (паметни телефони, таблички-компјутери итн.)
    • поддршка за индивидуални поставувања на интерфејсот и трајно чување преку профилот Мојот COBISS (на пр. чување на употребените барања за пребарување и библиографските записи итн.)
    • можност за пријавување со различни идентитети за пријавување (на пр. со податоците за пријавување за сметката на Google+)
    • поддршка за единствено пријавување на корисникот преку федерацијата COBISS AAI и ArnesAAI
    • можност за поврзувања на сервисот Мојата библиотека со услугите на профилот Мојот COBISS
    • можност за пребарување во повеќе библиотеки истовремено
    • помош при изведување барања за пребарување (фасетно ограничување, лематизација на зборови, функција на автоматско довршување на зборовите)

    Во продолжение детално се опишани сите сегменти и функционалности.

    Дополнитена помош и информации

    За дополнителна помош, предлози и информации испратете ни е-пошта.

    Достaпност и изглед на интерфејсот

    Постојат ли ограничувања со лиценци?

    COBISS+ е слободно достапен за сите корисници.

    Сите корисници без ограничувања можат да пребаруваат по заедничкиот каталог на библиотеките COBIB (стандардно поставување), по локалните бази на податоци и по одреден број други бази на податоци. Пребарувањето е ограничено кај некои странски бази на податоци за кои треба да се почитуваат договорите за лиценци со понудувачите, заради што е потребно авторизирано пријавување на корисниците.

    COBISS+ овозможува пребарување и преглед на библиографските записи за граѓата. Записите можат да содржат и линкови до целосен текст или други сервиси надвор од апликацијата COBISS+ (на пр. електронски извори). Таквите сервиси можат да имаат ограничувања со лиценци, кои се поврзани со договор помеѓу понудувачот на услугата и библиотеката која на корисниците им ги нуди овие сервиси. За пристап до изворите со лиценца потребно е авторизирано пријавување на корисниците.

    Поставувања на интернет-прелистувачите

    COBISS+ ги поддржува поголемиот дел интернет-прелистувачи, а изгледот на интерфејсот може да се приспособи со менување на некои поставувања на интернет-прелистувачот.

    Менување на големината на текстот

    Големината на текстот прикажан во апликацијата COBISS+ (вклучувајќи ја и навигацијата) можете да ја смените непосредно во прелистувачот.

    Firefox
    • Отворете го менито View и изберете една од опциите во Zoom.
    • За зголемување на текстот истовремено притиснете CTRL и + , а за намалување на текстот CTRL и –.
    • За повторно да ја поставите стандардната големина на текстот притиснете CTRL и 0.
    Google Chrome
    • Притиснете го копчето Control the current page и изберете една од опциите во Text Zoom.
    • За зголемување на текстот истовремено притиснете CTRL и + , а за намалување на текстот CTRL и –.
    • За повторно да ја поставите стандардната големина на текстот притиснете CTRL и 0.
    Менување на бојата на текстот, подлогата и линковите

    Прелистувачот нуди алатка за менување на бојата на текстот и на подлогата при прегледување на интернет страниците. Тоа е корисно кога некои комбинации на бои го отежнуаат читањето. Овие промени можете да ги користите за да ги смените стаднардно поставените стилови. Во прелистувачите, кои ги поддржува COBISS+, на располагање се следните опции:

    Firefox
    1. Отворете го менито Tools.
    2. Изберете Options.
    3. Кликнете на копчето Colors на ливчето Content.
    4. Отстранете ја ознаката во полето за потврдување Use system colors.
    5. Изберете ги саканите бои.
    6. Отстранете ја ознаката во полето за потврдување Allow pages to choose their own colors… и кликнете OK .
    Google Chrome
    1. Кликнете на иконата за менија (три точки) во горниот десен агол на прозорецот од прелистувачот Chrome.
    2. Кликнете на Settings.
    3. Кликнете на линкот Show advanced settings на дното на страницата.
    4. Кликнете на линкот Add additional accessibility features на дното на страницата.
    5. Побарајте ги и изберете ги додатоците на Chrome Accessibility што ви се на располагање.

    Поимник

    ArnesAAI
    Автентикациско-авторизациска инфраструктура која овозможува единствено пријавување за бројни услуги (и пријавување во COBISS+). Повеќе информации на: [https://aai.arnes.si/](https://aai.arnes.si/).
    База на податоци
    Збирка податоци (каталог). Во COBISS+ можете да пребарувате по заемната библиографско-каталошка база на податоци, локалните бази на податоци на библиотеките и другите специјализирани бази на податоци.
    Библиографски запис
    Компјутерски запис за содржината и обликот на граѓата и основна единица на библиотечните каталози. Со пребарување во COBISS+ се добиваат библиографски записи.
    COBIB
    Заемна библиографско-каталошка база на податоци; овозможува пристап до заедничкиот каталог на библиотеките кои учествуваат во системот COBISS.
    COBISS
    Акроним за Co-operative Online Bibliographic System and Services.
    COBISS+
    Нова верзија на апликацијата COBISS/OPAC.
    COBISS AAI
    Автентикациско-авторизациска инфраструктура која овозможува пријавување во бројни библиотечно-информациски услуги со корисничкото име и лозинка која ја добивате во библиотеката.
    COBISS.Net
    Платформа на националните библиотечно-информациски системи во Словенија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Повеќе информации на: [http://www.cobiss.net](http://www.cobiss.net).
    COLIB
    База на податоци за библиотеките кои учествуваат во системот COBISS.
    COMARC
    Формат на библиографскиот запис.
    Целосен текст
    Целиот текст на делата, документите или публикациите; исто така полн текст (англ. Full Text).
    Локални бази на податоци
    Каталози на библиотеките во системот COBISS.
    Мојот COBISS
    Кориснички профил во апликациите кој ги поврзува сметките на корисникот во рамки на сервисот Мојата библиотека и овозможува кориснички поставувања на интерфејсот и други приспособувања.
    Мојата библиотека
    Корисничка сметка во рамки на библиотеката за одделен член. Овозможува преглед на зајмена граѓа, продолжување на рокот за зајмување, резервации и други онлајн библиотечни услуги. За подетален опис, видете во поглавјето Мојата библиотека.
    OPAC
    Акроним за Open Public Access Catalog.

    Пребарување

    Избирање база на податоци

    Барате конкретна книга во некоја библиотека и ве интересира дали можете да ја зајмите. Или, пак, барате граѓа од одредена област, на пр. економија, и ве интересира во која најблиска библиотека е достапна. Ве интересира и дали постои онлајн пристап до целосниот текст на статијата, електронската книга и сл.

    При пребарување ја избирате онаа група податоци која, со оглед на вашите потреби и желби, овозможува најрелевантни резултати.

    Кои бази на податоци се на располагање?

    Во COBISS+ можете да пребарувате во:

    • заемната библиографско-каталошка база на податоци COBIB
    • локалните бази на податоци
    • другите бази на податоци
    Заемна библиографско-каталошка база на податоци COBIB

    Базата на податоци COBIB ви овозможува пребарување на податоците во заемниот каталог на библиотеките. Базата на податоци COBIB е поставена како стандардна база на податоци. Пребарувањето по библиотечните каталози го избирате така што во редицата со менија кликнувате на опцијата Пребарување, а потоа од паѓачкиот список ја избирате опцијата во библиотеките. Добивате резултати од пребарувањата кои вклучуваат податоци за фондот и за достапноста на граѓата по библиотеки.

    Оваа база на податоци се избира, пред се, кога имате општи прашања. Пребарувањето по COBIB е многу практично, дури и кога пребарувате статии. Повеќе ...

    Локални бази на податоци

    Пребарувањето по библиотечните каталози го избирате така што во редицата со менија кликнувате на опцијата Пребарување, а потоа од паѓачкиот список ја избирате опцијата во библиотеките.

    По каталог на одделна библиотека пребарувате така што во прозорецот на образецот за пребарување "Библиотеки" од паѓачкиот список го избирате каталогот на саканата библиотека. Библиотеката можете да одредите и со внесување на нејзиниот акроним, назив, одделение или место. Можете да изберете и повеќе библиотеки, со што ја поставувате можноста за пребарување по повеќе каталози истовремено. Библиотеката можете да ја отстраните од групата каталози по кои сакате да пребарувате, така што кликнувате на крстчето (Х) десно од таа библиотека.

    Во профилот Мојот COBISS како стандардна вредност можете да поставите пребарување по одредени каталози на библиотеките.

    Други бази на податоци (1)

    Другите бази на податоци можете да ги изберете така што во редицата со менија кликнувате на опцијата Пребарување, а потоа од паѓачкиот список ја избирате опцијата во други бази на податоци.

    Можете да изберете една од следните бази на податоци:

    • COLIB – податоци за библиотеките. Повеќе ...
    • CONOR – нормативна датотека на лични имиња и називи на корпорации.
    • SGC – општ предметен регистар COBISS.
    • CORES – сериски публикации, уредници итн.
    • ELINKS – пристап до е-публикацији со записи во COBIB.MK.
    Други информациски извори (1)

    Други информациски извори се достапни од редицата со менија со избор на опцијата Пребарување; и потоа во паѓачкиот список ја избирате опцијата во други информациски извори.

    Можете да ги изберете следните бази на податоци кои се интегрирани во системот COBISS:

    • JCR – импакт фактор за списанија од Journal Citation Reports.
    • SNIP – импакт фактор за списанија од Source Normalized Impact per Paper.
    • DOM/UKM – роднокрајна збирка UKM.
    • IZD/ISBN – издавачи.

    Основно пребарување

    1. Во прозорецот за пребарување Низа за пребарување внесувате еден или повеќе зборови.
    2. Ги избирате каталозите на библиотеките по кои сакате да пребарувате; стандардно поставување е пребарување по заемниот каталог COBIB.
    3. По потребa, го поставувате видот на граѓата; стандардно поставување е пребарување по сета граѓа.
    4. Со притискање на тастерот Enter или со кликнување врз копчето ПРЕБАРАЈ го активирате пребарувањето.

    Пример:

    • Во прозорецот за пребарување внесувате: андреевски небеска тимјановна
    • од паѓачкото мени десно изабирате вид граѓа, на пр.: книги

    Резултатите од пребарувањето се сортирани според значајноста. Најважните резултати се наоѓаат на врвот на списокот.

    Ги прегледувате резултатите од пребарувањето; ако кликнете на избраниот резултат, ќе се прикаже записот со подетални податоци за граѓата.

    Што треба да знаете за основното пребарување?

    При основно пребарување, со користење на поимите за пребарување пребарувате по сите податоци, вклучително и по евентуалните резимеа. Тоа е најчесто користеното пребарување, кое се употребува, пред се, кога податоците не ви се во потполност познати (на пр. наслов, автор итн).

    Ако употребите повеќе од еден поим за пребарување, пребарувачот ги бара сите поими за пребарување во ист запис.

    Избор на поими за пребарување

    При пребарување на информациите, од клучно значење е правилниот избор на поимите за пребарување. Ако поимите за пребарување не ви се доволно познати,започнете со внесување општи поими. Ако на пр. ве интересира кои зарази се пренесуваат од крлежи, а не го знаете точниот назив на заразата, внесувате:

    Пример: заразаЕден поим за пребарување најчесто не е доволен за да најдете соодветен број адекватни резултати, па затоа внесувате:

    Пример: зараза крлеж

    Натамошното додавање поими го ограничува пребарувањето и честопати од списокот на резултати ги изостава и важните резултати. Затоа користете специфични (прецизни) поими за пребарување кои сте ги нашле при прегледување на најважните резултати.

    Пример: Борелиоза менингоенцефалитис

    Кај основното пребарување ќе добиете подобри резултати доколку наместо природниот јазик користите клучни зборови.

    Пример: Барањето за пребарување зараза крлеж е подобро од болести кои се пренесуват од крлежи.

    Големи и мали букви

    При внес на барањето за пребарување можете да користите големи и мали букви, бидејќи тоа не влијае врз резултатот. Резултатите се исти ако пребарувате:

    • блаже конески или
    • Блаже Конески или
    • БлАжЕ КоНеСкИ

    Логички оператор "И"

    Меѓу зборовите во барањето за пребарување стандардна е логичката операција И. Тоа значи дека резултатите од пребарувањето мора да ги содржат сите зборови од барањето за пребарување. Зборовите "и" и "and" во барањето за пребарување се третираат исто како и другите зборови кои се јавуваат во насловот, резимето или каде било во библиографскиот запис.

    Кратење зборови

    Зборовите ги кратите со знакот * кога на пр. сакате да ги опфатите сите облици на одреден збор (крлеж, крлежи, крлежите). Знакот заменува произволна низа знаци.

    Пример: зараза крлеж*За кратење на поимите за пребарување можете да го користите и знакот % кој заменува точно еден знак. Во една низа може да има повеќе знаци %.

    Пример: кап%р

    Како резултат, покрај записите кои го содржат зборот капар, се добиваат и записите со автор со презиме Капор.

    Одделните зборови можете да ги скратите со знаците * и % на почеток, во средина или на крај.

    Лематизација на зборови

    Лематизацијата е начин на проширување на низата за пребарување. Пребарувачот извршува автоматско пребарување по внесениот облик на зборот и истовремено по неговите падежни облици кои се вклучени во лематизаторот на Amebis. (https://www.amebis.si)

    Пребарувањето врз основа на лематизација работи само во основното пребарување и само за Словенија.

    Пример: Boljše razumevanje okužb

    Како резултат на пребарувањето се добиваат и записите кои вклучуваат и други падежни облици на трите збора:

    boljše, boljši, dober, dobro …razumevanje, razumevanj, razumevanja …okužb, okužba, …

    Фразно пребарување

    Ако ја знаете точно фразата која ја пребарувате, поимите за пребарување ги внесувате меѓу наводници.

    Пример: "to be or not to be"

    Резултат на пребарувањата по синтагми (фрази) кои ги наведувате меѓу наводници се сите записи во кои зборовите меѓу наводниците се заедно во ист редослед. Овој начин на пребарување кај основното пребарување се разликува од фразното пребарување кај изборното и командното пребарување, каде пребарувате по низа знаци, вообичаено прецизно до знак (исклучок се некои посебни знаци кои се изоставаат). Секој збор од фразата можете да го скратите.

    Функција за автоматско дополнување (анг. autocomplete)

    Функцијата за автоматско дополнување при внес на барањето за пребарување во образецот за пребарување автоматски предлага поими за пребарување кои можат да ви бидат од помош при пребарувањето.

    Пример: сојуз на само...

    Пребарувачот нуди фрази за пребарување, како што е на пр. сојуз на самостојни синдикати итн.

    Со потврдување, понудената содржина за пребарување ја пренесувате во образецот за пребарување.

    Изборно пребарување

    Обликувате барање за пребарување кое треба да биде што попрецизно, имајќи ги предвид вашите потреби при пребарувањето на граѓата.

    1. Во прозорецот за пребарување внесувате еден или повеќе зборови. Од левиот паѓачки список избирате поле за пребарување (индекс за пребарување) со кој сакате да го ограничите пребарувањето.
    2. Ако сакате да пребарувате по повеќе полиња за пребарување, внесувате поими и во другите полиња за пребарување. Од левиот паѓачки список избирате поле за пребарување (индекс за пребарување) по кое сакате да го ограничите пребарувањето.
    3. Ако за пребарувањето употребите повеќе полиња за пребарување, мора да пазите на изборот на логичките оператори (И, ИЛИ, И НЕ) во десното паѓачко мени.
    4. Ги избирате каталозите на библиотеките по кои сакате да пребарувате.
    5. По потреба одредувате вид на граѓата, јазик или ограничување на граѓа со електронски пристап.
    6. Со притискање на тастерот Enter или со кликнување на копчето ПРЕБАРАЈ го активирате пребарувањето.

    Пример:

    Полевредностоператор
    Наслов:вино*ИЛИ
    Наслов:лоз*И
    Година на издавање:199*

    Резултат на пребарувањето е граѓа која излегла во периодот од 1990 до 1999 година и во насловот има некој од зборовите кој започнува со вино или со лоз, на пр. книга со наслов Можости за производство на врвни и розе вина во Република Македонија, која излегла 1992 година.

    Стандарден начин на пребарување е пребарување по зборови, а во одделни прозорци за пребарување можете да пребарувате и фразно, со користење наводници.

    Ако изберете пребарување по полето Клучни зборови, ќе извршите пребарување по сите индексирани полиња на библиографскиот запис.

    Некои полиња за пребарување имаат паѓачки список за избор на ограничувања на пребарувањата, на пр. јазик.

    Употреба на логички оператори

    Поимите за пребарување можете меѓусебно да ги комбинирате со логичките оператори И, ИЛИ, И НЕ.

    ОператорРезултат на пребарувањата се
    Изаписи кои ги содржат сите поими за пребарување, поврзани со операторот И (Доколку самите не го смените, се изведува автоматски, бидејќи е стандарден оператор.)
    ИЛИзаписи кои содржат барем еден од наведените поими за пребарување
    И НЕзаписи кои го содржат првиот поим за пребарување, а не го содржат поимот кој следи по операторот

    При употреба на логичките оператори мора да внимавате на редоследот на извршувањето. При изборно пребарување, операциите се извршуваат по полињата за пребарување одозгора надолу. Бидејќи логичкиот оператор ИЛИ е особено осетлив, најдобро е да го употребите на почетокот на барањето за пребарување.

    Пребарување по зборови и фрази

    Пребарување по зборови

    Пребарувате по зборови кои се наоѓаат каде било во записот (на пр. во насловот, името на авторот, називот на издавачот итн.). Меѓу два збора можете да внесете која било интерпункција или да направите растојание.

    Пример:

    • Клучни зборови: стале, попов или стале попов

    Резултат на пребарувањето се записи во кои каде било во записот се појавуваат зборовите Стале и Попов.

    Редоследот на поимите за пребарување кај начинот на пребарување по зборови е произволен.

    Пример:

    • Наслов: историја македонци или македонци, историја

    Во резултатите на пребарувањето се наоѓаат и записи за граѓа со насловот Раѓањето на македонската нација и Религија на античките Македонци.

    Фразно пребарување

    Фразно пребарувате по фразата која ја внесувате меѓу знаците наводници. Ако не ги употребите знаците наводници, автоматски се изведува пребарување по зборови.

    Пример:

    • Наслов: "готвач против алергии" (Резултат на пребарувањето е запис за граѓа под наслов Готвач против алергии.)

    Кратење

    Одделни поими за пребарување или фрази ги скратувате со знакот * (заменува произволен број знаци) или % (заменува точно еден знак).

    Пример:

    • Клучни зборови: релатив*

    Резултат на пребарувањето се записи со вклучени зборови кои почнуваат со релатив.

    Пример:

    • Автор: "јаневски, с*"

    Резултат на пребрувањето се записи во кои во полето за авторство се наоѓа презимето Јаневски, а името започнува со буквата С, на пр.: Јаневси, Славко; Јаневски, Симеон итн.Пример:

    • Наслов: "*народни приказни"

    Резултат на пребарувањето се записи за граѓа чиј наслов завршува со народни приказни.

    Со знаците * и % можете да скратите одделни зборови или фрази на почетокот, во средина или на крајот.

    Лични имиња

    Во пољињата за авторство и во полињата за име како предметна определница, личните имиња се инвертирани – на прво место е презимето, а потоа следи едно или повеќе имиња. Меѓу презимето и името се наоѓа запирка и растојание. Кај фразниот начин на пребарување името мора да го внесете во обликот Презиме, Име. Бидејќи кај некои имиња во полињата за авторство, односно полињата за име како предметна определница, е додадена и годината на раѓање или смрт, или и двете години, се препорачува фразата секогаш да ја завршите со знакот за скратување * .

    Пример:

    • Автор: "сартр, жан-пол*"

    Во резултатите на пребарувањето се наоѓаат записи во кои, во полето за авторство, се облиците на името Сартр, Жан-Пол и Сартр, Жан-Пол, 1905-1980.

    Интерпункција итн.

    Кај фразното пребарување фразата мора да ја внесете заедно со својата интерпункција: апострофи, цртички итн.

    Пример:

    • Наслов: "младост, љубов и амбициј"

    Резултат на пребарувањето е граѓа со наслов Младост, љубов и амбиција.

    Исклучок се посебните знаци (, ), *, %, :, [, ], <, >, = и #.

    Ако се појавуваат во средината на поимот за пребарување, правите растојание, а ги изоставувате ако се појавуваат на почетокот или на крајот.

    ####Дијакритички знаци и специјални буквиПри внес на барањето за пребарување, може да користите дијакритички знаци или да ги изоставите (при пребарување нема разлика). Важно е само доследно да (не) ги користите.

    Примери:

    • Автор: katardžiev или katardziev
    • Аутор: Gödel или Godel
    • Кључне речи: karađorđević или karadordevic, но не и karađordevic

    Члeнови

    При фразен начин на пребарување можете да ги изоставите членовите a, the, die, l', le, la итн. на почетокот на насловот.

    Пример:

    • Наслов: "chronik von visoko"

    Резултат на пребарувањето е граѓа со наслов Die Chronik von Visoko.

    Клучни зборови

    При пребарување по клучни зборови можете да пребарувате по зборови, фрази или комбинирано (истовремено по зборови и фрази). Фразите ги внесувате со наводници.

    Пример:

    • Клучни зборови: игра*, џипунова

    Резултат на пребарувањата се записи во кои се наоѓа зборот Џипунова и сите зборови кои почнуваат со игра, на пр. записи со насловот Балетот како врвна естетика на играта и името Емилија Џипунова.

    Пример:

    • Клучни зборови: "кратка проза", пенушлиски

    Во резултатите од пребарувањата е и запис за збирка кратка проза; приредувач на оваа збирка е Кирил Пенушлиски.

    Пребарување во опсег

    Пребарување во опсег користите за пребарување на годината на издавање за одредена публикација во некој период и при нумеричко пребарување. Во прозорецот за пребарување ги внесувате двете вредности во хронолошки редослед и ги одделувате со интерпункцискиот знак дветочки.

    Пример:

    • Година на издавање: 1994:2000

    Резултат на пребарувањето се сите публикации што излегле помеѓу 1994 и 2000 година.

    Командно пребарување

    Командното пребарување овозможува креирање прецизно барање за пребарување со користење индекси за пребарување (префикси или суфикси) во комбинација со логички и контекстуални оператори. Наменето е за напредните корисници кои многу добро ја познаваат структурата на библиографските податоци.

    1. Во прозорецот за пребарување Барање за пребарување го внесувате барањето за пребарување.
    2. Ги избирате каталозите на библиотеките по кои сакате да извршите пребарување.
    3. По потреба, го поставувате видот на граѓата или ограничувањето на граѓа со електронски пристап.
    4. Со кликнување на копчето ПРЕБАРАЈ го активирате пребарувањето.

    Обликување на барањето за пребарување

    При командно пребарување можете да пребарувате по основниот индекс или по дополнителни индекси.

    Пребарување по основен индекс

    При пребарување по основен индекс пребарувате по клучни зборови. Во прозорецот за пребарување внесувате еден или повеќе зборови и по потреба ги употребувате логичките или контекстуалните оператори. Ако не внесете оператори, при внес на повеќе зборови автоматски се извршува логичкиот оператор AND (И).

    Барањето за пребарување го внесувате во облик: [поим за пребарување] [оператор] [поим за пребарување] ...

    Примери:

    • земјоделски стопанства
    • стопанства AND земјоделски
    • мотори внатрешно согорува*
    • хари потер камен мудроста
    • планетата земја енциклопедиј*

    На вака обликуваното барање за пребарување можете да му додадете и суфикси и со тоа да го ограничите пребарувањето на зборовите. Таквото барање за пребарување го внесувате во облик: [поим за пребарување]/[суфикс] [оператор] [поим за пребарување]/[суфикс]...

    Примери:

    • стопанства/TI AND земјоделски/TI
    • (стопанства AND земјоделски)/TI
    • збирка (n) народни
    • (збирка (n) народни)/KW
    Пребарување по дополнителни индекси

    Барањето за пребарување го составувате така што внесувате префикс за пребарување, потоа знак за еднаквост и поим за пребарување: [префикс за пребарување]=[поим за пребарување]

    или во комбинација со оператори: [префикс за пребарување]=[поим за пребарување] [оператор] [префикс за пребарување]=[поим за пребарување] ...

    Примери:

    • TI=молекуларна генетика на карцином OR DU=молекуларна генетика
    • AU=кенили* AND TI=шиндлеровата листа
    • AU=толстој* AND TI=ана каренина AND LA=mac
    Комбинирано пребарување по основен и дополнителен индекс

    Можно е и комбинирано пребарување со основен и дополнителен индекс.

    Примери:

    • Викторија AND Холт/AU
    • македонски AND планини/TI
    • џејмс/AU AND портрет
    • дима/TI AND биографија AND македонски
    • TI=ганди AND колумбија*/PU AND видео

    Список на префикси и суфикси за командно пребарување

    Список на префикси за пребарување

    Со употреба на префиксите за пребарување го одредувате индексот за пребарување по кој сакате да пребарувате. Во продолжение се наоѓа списокот со префикси за пребарување со значењето и со примери:

    ЗначењеПрефиксПример на пребарувањеШифрарник
    Автор – лицеAU=AU=Стаматовски, Трај*
    Автор – корпорацијаCB=CB=Институт Михајло Пупин
    Место на сост./кон името на корп.CP=CP=Скопје
    НасловTI=TI=*граматика
    Наслов на оригиналотTO=TO=grammar
    ЗбиркаCL=CL=Светска книж*
    Место на издањеPP=PP=Битола
    Година на издавањеPY=PY=1973
    Последна година на издањеP2=P2=1982
    ISBNBN=BN=978-608-230-499-1
    ISSN за статијаSN=SN=0409-3739
    ISSNSP=SP=0352-8979
    ISSN-LSL=SL=0352-8979
    Предметни определнициSU=SU=Деловно планирање
    Код за вид авторствоAC=AC=440Испис
    Код за вид содржинаCC=CC=j3Испис
    Држава/регион на издавањеCO=CO=itaИспис
    Шифра на установата/организацијатаFC=FC=3-114*Испис
    ЈазикLA=LA=czeИспис
    Код за литературен видLC=LC=a4Испис
    Јазик на изворното делоLO=LO=jpnИспис
    Код за предвидени кориснициTA=TA=bИспис
    Типологија на документот/делотоTD=TD=1.01Испис
    УДК за пребарувањеUC=UC=331.56Испис
    Клучни зборовиKW=KW=магнет* резонанца основи
    Клучни зборовимагнет* резонанца основи

    Список на суфикси за пребарување

    При пребарување по основниот идекс, т.е. пребарување по зборови, на зборовите можете да им додадете суфикс за пребарување и така да го ограничите пребарувањето на зборовите на поединечен индекс за пребарување. Во продолжение е списокот на суфикси за пребарување со значењето и со примери:

    ЗначењеСуфиксПример на пребарување
    Резиме или апстракт/ABкапитал*/AB
    Автор – лице/AUКафка Франц/
    Автор – корпорација/CBПравен* факултет/CB
    Место на сост./кон името на корп./CPПорторож/CP
    Наслов/TIхроник*/TI
    Наслов на оригиналот/TOmusic*/TO
    Збирка/CLСвет* книж*/CL
    Општа ознака на граѓата/GMфилм/GM
    Предметни определници/SUСметководство/SU
    Клучни зборови/GEкомпјутерс* програма/GE
    Забелешки/NTпсевдоним/NT
    Производител/NMДаскал Камче/NM
    Место на производство/PMКавадарци/PM
    Место на издавање/PP(Скопје/PP
    Издавач/PUПросветно дело/PU

    Списокот на сите префикси и суфикси за пребарување кои се користат во COBISS+ е објавен тука.

    Употреба на логички оператори

    За разлика од изборното пребарување, во командното пребарување логичките оператори се внесуваат на англиски јазик:

    ОператорЗначењеРезултат на пребарувањето
    ANDИзаписи кои ги содржат и двата поими, односно сите поими кои сте ги поврзале со операторот AND
    ORИЛИзаписи кои содржат барем еден од наведените поими за пребарување
    NOTИ НЕзаписи кои го содржат првиот поим, но не го содржат поимот кој следи по операторот NOT

    Пример:

    • кучиња OR мачка
    • планинарство AND учебник
    • новинарство NOT телевизиј*

    Употреба на контекстни оператори

    При пребарување, контекстните оператори во записот ја одредуваат релативната близина меѓу зборовите од барањето за пребарување. Можете да ги комбинирате со префиксите за пребарување.

    NEAR (N)

    Двата поима за пребарување се појавуваат заедно, во произволен редослед.

    Пример: славко (N) јаневски

    Барање за пребарување: Славко Јаневски и Јаневски, Славко.

    nNEAR (nN)

    Двата поими за пребарување се појавуваат во произволен редослед, а меѓу нив може да има најмногу "n" зборови.

    Пример: cost (1N) benefit

    Барање за пребарување е на пр. cost to benefit, benefit to cost, cost-benefit, cost/benefit.

    Редослед на извршување на операторите

    При употреба на операторите мора да внимавате на редоследот на извршување. Редоследот на извршување на операциите е:

    1. заграда
    2. контекстни оператори
    3. NOT
    4. AND
    5. OR

    Редоследот можете да го измените со употреба на загради, као што е прикажано во следниот пример:

    Пример:

    • ((море OR воздух) and загад*) NOT реки

    Програмата најпрво ќе ги побара записите кои содржат збор море или воздух, а потоа во мноштвото записи ќе ги избере само записите кои содржат и збор загад и на крајот ќе ги отстрани сите записи кои го содржат зборот реки.

    Пребарување во опсег

    Пребарување во опсег користите за пребарување на година на издавање на одредена публикација во некој период и при нумеричко пребарување. Во прозорецот за пребарување внесувате две вредности во хронолошки редослед и ги одделувате со интерпункцискиот знак две точки.

    Пример: PY=1994:2000

    Резултат на пребарувањето се сите публикации кои излегле помеѓу 1994 и 2000 година.

    Ограничување на барањето за пребарување и фасетна навигација

    При извршување на операциите за пребарување, барањата за пребарување можете да ги ограничите по видот граѓа, јазикот и е-пристап.

    Своевидно ограничување претставува и фасетната навигација која ја користите по извршеното пребарување. Добиените резултати на пребарувањето можете дополнително да ги ограничите со избор на одделни фасети.

    Ограничување по видот граѓа

    Во основното пребарување ограничувате според видот граѓа така што десно од прозорецот за внес на барањето за пребарување од паѓачкито список ја избирате саканата граѓа.

    При изборно и командно пребарување, паѓачкиот список со ограничувањата за видот граѓа се наоѓа под образецот за пребарување.

    При пребарување можете да се ограничите на следните видови граѓа:

    • сета граѓа (+ е-извори)
    • книги
    • весници, списанија итн.
    • статии...
    • e-книги
    • видеозаписи и филмови
    • компјутерски CD/DVD-а
    • картографска граѓа
    • нотна граѓа
    • звучни записи
    • сликовна граѓа
    • играчки – предмети
    • изведени дела – настани
    • сите записи

    Стандардна вредност е сета граѓа (+ е-извори).

    Ограничување по јазик

    При основно пребарување не е можно ограничување по јазик. Дури откако ќе ги добиете резултатите од пребарувањето, можете да ја користите фасетата јазик и да се ограничите на избраниот јазик на граѓата.

    При изборно пребарување можете да се ограничите на саканиот јазик на граѓата уште при извршување на барањето за пребарување, така што од паѓачкиот список, кој се наоѓа под прозорецот за пребарување, го избирате соодветниот јазик.

    При командно пребарување, ограничувањето на јазикот можете да го извршите така што ќе го користите префиксот за пребарување LA= или суфиксот за пребарување /LA.

    Ограничување на е-пристап

    Некои записи содржат и податок за достапност на граѓата во електронски облик на интернет. Тие содржат и URL-адреса на која се наоѓа граѓата. Тоа значи дека граѓата преку URL-линкот може да биде достапна во полн текст. Ако кликнете на URL-линкот, од платформата COBISS+ преоѓате на платформата на понудувачот на содржината. Достапноста на целосниот текст зависи од договорот помеѓу понудувачот на содржината и библиотеката која на своите корисници им ги нуди овие услуги.

    Основното пребарување не овозможува ограничување на е-пристап, тоа го овозможуваат изборното и командното пребарување, и тоа со избор на опцијата Само е-пристап која се наоѓа под прозорецот за пребарување.

    Фасетно ограничување

    По извршеното пребарување добивате список со резултати од пребарувањето. На левата страна на списокот се појавува фасетно мени кое овозможува преглед на различни аспекти на моменталните резултати на пребарувањето. Фасетното мени можете да го преместите и на десната страна на списокот со резултати или да одредите стандардно поставување во профилот Мојот COBISS.

    Фасетното мени се состои од поединечни фасети. Фасетите нудат класификација на записите од извршеното пребарување.

    На располагање се следните фасети:

    • вид содржина
    • вид граѓа
    • јазик
    • целна група
    • автор
    • година на издавање
    • предмет
    • библиотека – при истовремено пребарување по повеќе каталози на библиотеките
    • одделение – при пребарување по каталогот на библиотека со одделенија

    Вредностите се во поединечни фасети, а во загради се запишува и бројот на резултати од последното пребарување за избраната вредност на фасетата. Со кликнување на вредноста на фасетата (на пр. е-книга за фасетата вид граѓа), основното барање за пребарување го ограничувате на избраната вредност на фасетата. Со натамошен избор на вредностите на фасетите дополнително го ограничувате пребарувањето (на пр. прирачник од фасетата вид содржина). Со ваков начин на фасетно ограничување вие сте се поблиску до саканите резултати. Со кликнување на синото крстче постојниот избор на вредности на фасетите можете да ги деактивирате и така да го исклучите фасетното ограничување.

    Опис на фасетата Вид граѓа:

    Вид граѓаОпис
    Весници, дневен печатВесници, дневен печат, списанија, книжни збирки и слични сериски публикации. Се делат на печатени и електронски. Кај печатените постојат и такви со крупен отпечаток (текстови со поголеми букви за слабовидни) и Брајово писмо за слепи.
    Статии, составни деловиСтатии, излагања на конференција, поглавја и други составни делови на публикација. Се делат на печатени и електронски.
    Електронски извориВеб-страници, бази на податоци, компјутерска програма и игри, мултимедиска граѓа.
    МузикаМузички звучни записи на CD, DVD, касета, грамофонска плоча.
    Играчки, предметиКоцки, сложувалки, друштвени игри, наставни средства и други играчки и предмети.
    Изведени делаИнтелектуални или уметнички дела кои не се објавени во физички облик или на интернет (на пр. излагање на конференција, изведување на концерт, изложба, предавање).
    Картографска граѓаПечатени и ракописни карти, атласи, нацрти, снимки.
    КнигиКниги, ракописи, извештаи, дипломски работи, дисертации и други монографски публикации. Се делат на печатени и електронски. Во печатени се и таквите со зголемен отпечаток (текстови со поголеми букви за слабовидни) и Брајово писмо за слепи.
    Граѓа за визуелни проекцииФолии, дијафилмови, дијапозитиви.
    МикрофишиКартичка со намалени снимки на текстот, за шта ви е потребен микрочитач.
    Нотна граѓаЗаписи за музички дела на нотни линии. Се делат на печатени и ракописни.
    Сликовна граѓаФотографии, разгледници, плакати.
    Вештачки збиркиЛетоци, дробен печат, разгледници, фотографии, плакати и друга граѓа обединета по одредена тема.
    Видео записи, филмовиФилмови на DVD, Blu-ray, видео касети, ролни.
    МултимедиаПубликација во повеќе делови на различни медиуми кои се користат истовремено (на пр. учебник и CD).
    Визуелна граѓаВизуелна граѓа за која не постои податок за физичкиот облик.
    Звучни книгиЗвучен запис на текст на CD, DVD, касета, грамофонска плоча.
    Звучни записиНемузички звучен запис на CD, DVD, касета, грамофонска плоча.

    Доколку нема податок за вид граѓа, записот не се вклучува во фасетата.

    Во фасетата вид содржина се вклучува небелетристика и белетристика, а романите се делат на социјални, авантуристички, историски и воени, криминалистички, биографски, научно-фантастични и други. Се прикажува само за печатени и електронски книги. Доколку нема податок за содржината, записот не се вклучува во фасетата.

    Историја на пребарувањето

    Барањата за пребарување се зачувуваат автоматски (последните 100 пребарувања) и во текот на траењето на корисничката сесија можете повторно да ги користите. Историјата на пребарувањата можете да ја видите во редицата со менија, со избирање на опцијата Пребарување; потоа од паѓачкиот список ја избирате опцијата Историја на пребарувањата. Со кликнување на барањето за пребарување, прашањето за пребарување се извршува автоматски. Можете да го поставите бројот на прикажани пребарувања на страница, а по списокот можете и да пребарувате. По употреба на COBISS+ историјата на пребарувањата автоматски се брише.

    Ако сакате користените барања за пребарување трајно да се зачуваат, мора да бидете пријавени во COBISS+. По завршување на пребарувањето, над списокот со резултатите од пребарувањето се појавува копчето Зачувај пребарување. Со кликнување на ова копче, барањето за пребарување трајно ќе се зачува во Моите пребарувања. Со кликнување на барањето за пребарување, прашањето за пребарување се извршува автоматски. Можете да го поставите бројот на прикажани пребарувања на страница, а по списокот можете и да пребарувате. Овие барања за пребарување, со кликнување на копчето Избриши, се бришат трајно.

    Резултати од пребарувањето

    Список на резултати

    По успешно извршеното барање за пребарување ги добивате резултатите од пребарувањето, т.е. записите во нумериран список. За секој запис се испишуваат најважните податоци за граѓата, како што се наслов, автор, јазик, е-пристап (URL-линк) итн.

    Во последната колона на списокот оддесно се испишува податок за достапноста на граѓата за зајмување.

    Граѓата е подредена по релевантност, а ова стандардно поставување можете да го смените и записите да ги подредите по автор, наслов или година на издавање.

    Со кликнување покрај редниот број на записот, можете да ги означите записите, а потоа со кликнување на копчето На полица можете да ги додадете на Мојата полица. За користење на оваа можност мора да се пријавите во профилот Мојот COBISS.

    На левата страна на списокот со резултите од пребарувањето се наоѓа фасетната навигација со која можете дополнително да го ограничите барањето за пребарување, а со тоа и добиените записи на списокот со резултати.

    Можете да го поставите бројот на прикажани записи на една страница, и тоа 10, 25 или 100. Стандардното поставување е 10.

    Избран библиографски запис

    Од списокот на резултати од пребарувањето, со кликнување на насловот на граѓата, преминувате на приказот на библиографскиот запис. Се испишуваат основните податоци за граѓата, како што се наслов, автор, видот на граѓата итн. Доколку сте заинтересирани за повеќе информации за граѓата, кликнувате на ливчето Детални податоци или ISBD.

    Целосниот библиографски опис на граѓата може да се прикаже така што се пријавувате во профилот Мојот COBISS и во опцијата Поставувања избирате Приказ на библиографскиот запис во форматот COMARC.

    Во ливчето Сите изданија и преводи пробно се обединети различните изданија на делата, изданија во други облици (на физички носители и на интернет), преводи, оригинални изданија и дела објавени во публикации во повеќе делови (избрани дела, собрани дела итн.). Списокот на делата ја одразува состојбата на записите во избраната библиографска база. Доколку не постои друго издание или превод или доколку станува збор за статија, ракопис, интегративен извор, збирен запис или изведено дело, ливчето Сите изданија и преводи не се прикажува. Записите за делата се споредуваат по различни критериуми:

    • во записите за книги, видео записи и филмови, нотна граѓа и звучни записи, се споредуваат насловот, автор(ите) и видот граѓа. За книгите се земаат предвид различни критериуми, зависно од тоа дали станува збор за белетристика, собрани или избрани дела и небелетристика. За сите книги, освен за собрани и избрани дела, се споредуваат и насловите на поединечните делови (на пример: трагедијата Хамлет е издадена самостојно, заедно со трагедиите Ромео и Јулија и Отело во книгата Драми). Записите за избрани дела од истиот автор се споредуваат по наслов, а не по содржина (вклучени дела). Записите за видеозаписи и филмови се обединуваат доколку имаат ист наслов и ист режисер (записот за филмот Психо од режисерот Алфред Хичкок не се обединува со записот за филмот Психо од Гас ван Сан). Насловите на различни јазици имаат иста вредност (ако записот има наслов на два јазика, на пр. Bugs Bunny и Душко Долгоушко, записот за цртаниот филм со англискиот наслов Bugs Bunny се обединува со записот за цртаниот филм со македонскиот наслов Душко Долгоушко). Се обединуваат записите на физичките носачи и на интернет, за книги и звучни книги, книги на Брајово писмо и книги со зголемен отпечаток.
    • во записите за картографска граѓа и сликовна граѓа се споредуваат насловот и видот граѓа. Насловите на различни јазици имаат иста вредност (записот за картата Alpen, Alpes = Alpi = Alps се обединува со записот за картата Alpen = Alpes). Се обединуваат записите за печатени публикации и публикаците објавени на интернет.
    • во записите за сериски публикации се споредува само ISSN. Се обединуваат записите за печатени сериски публикации и сериските публикации објавени на интернет, и записите за публикации со зголемен отпечаток.

    Десно од податоците за граѓа се нуди опцијата Пребарај понатаму која овозможува линкови до другите дела на авторот и теми, статии и составни делови.

    Во зависност од базата на податоци која сте ја избрале за пребарување, под записот се прикажуваат податоците за фондот и достапноста на граѓата во библиотеката. При пребарување по каталогот на библиотеката можете да ја резервирате слободната граѓа.

    СИТЕ библиотеки (заемна библиографско-каталошка база на податоци COBIB)

    При пребарување по базата COBIB, во ливчето Фондови по библиотеките, се испишуваат информациите за библиотеките кои ја имаат бараната граѓа. Се испишуват податоците за библиотеката, местото, акронимот, статусот во зајмувањето и другиот фонд.

    Со кликнување на избраната библиотека добивате детални информации за зајмувањето на примероците граѓа, како што се сигнатурата, статусот на примерокот и можноста за резервирање.

    Со кликнување на ливчето Фондови во другите библиотеки се прикажува преглед на информациите за фондот на бараната граѓа во другите библиотеки во системот COBISS.

    Локални бази на податоци

    Под податоците за граѓата се испишуваат податоците за фондот во библиотеката. Тоа се: сигнатура (локација на граѓата, инвентарен број итн.), статус на примерокот (слободно, резервирано, зајмено итн.) и можноста за резервирање на граѓата.

    Со кликнување на ливчето Фондови во другите библиотеки ги добивате информациите за другите библиотеки кои ја имаат избраната граѓа.

    Други можности за управување со записите

    Над податоците за записот се наоѓа редица со копчиња кои нудат дополнителни можности за управување со записите:

    • Записот може да се додаде на Мојата полица.
    • Можете да добиете траен линк до граѓата, т.е. URL-адреса на која е трајно достапен записот за граѓата во COBISS+.
    • Податоците за граѓата можат да се проследат по електронска пошта.
    • Копчето Меѓубибл. зај. овозможува меѓубиблиотечно зајмување за избраната граѓа. Потребно е корисникот да се пријави во профилот Мојот COBISS.
    • Записите кои се индексирани и во најголемиот светски каталог WorlCat се поврзани преку копчето WCat.
    • Со кликнување на копчето SFX добивате податоци за достапност на електронската граѓа.
    • Копчето Персон. библ. овозможува приказ на авторите на граѓата со линкови до нивните персонални библиографии.
    • Со кликнување на копчето Am score се прикажуваат алтметричките податоци за изабраниот запис.
    • Записите можете и да ги извезете (копче за извоз на податоци), но само доколку сте пријавени во COBISS+ и ако во поставувањата се означени можностите за извоз на библиографските записи во форматот RIS или за извоз во други системи.
    • Ако списанието има импакт фактор од базата на податоци Journal Citation Reports, се прикажува копчето Импакт фактор. Со кликнување на ова копче, се прикажува табела со податоци за импакт факторот и другите податоци за избраното списание (година, импакт фактор, издание, категорија, класификација),
    • Ако списанието спаѓа во списанија кои се земаат во предвид при категоризација на научните публикации, се прикажува копчето Бази на податоци. со кликнување на ова копче, се прикажува табела со податоци за базите на податоци во кои списанието е индексирано (назив на базата на податоци, област, година). Кај некои бази на податоци, во табелата се наоѓа линк до платформата на понудувачот. Извор на податоците за оваа табела се списоците со меѓународни бази на податоци кои се земаат предвид при категоризацијата на научните публикации. Повеќе ...

    Пријавување во COBISS+

    Со пријавување во COBISS+ имате можност да ги користите следните услуги (1):

    • поврзување на сметките од библиотеките во кои сте зачленети и увид во податоците за зајмувањето граѓа – Моите библиотеки
    • чување на библиографските записи и управување со нив – Мојата полица
    • чување на извршените барања за пребарување и нивна употреба – Моите пребарувања
    • поставување на корисничкиот интерфејс на COBISS+ – Поставувања
    • уредување на личните податоци – Уреди го мојот COBISS
    • пристап до лиценцирани извори на информации (само COBISS AAI и ArnesAAI)

    Во редицата со менија, во десниот дел на екранот, кликнувате на Мојот COBISS. Се прикажуваат можностите за избор на начинот на пријавување врз основа на податоците за пријавување (1):

    • сервисот Моите библиотеки (Федерација COBISS AAI)
    • институционални LDAP носители вклучени во Федерацијата ArnesAAI
    • сметката Google+
    • сметката Facebook
    • самостојно креираниот кориснички профил со е-адреса

    По успешното пријавување преоѓате во профилот Мојот COBISS.

    Пријавувањето во COBISS+ е заштитено од злоупотреба на личните податоци (SSL – Secure Sockets Layer). За непречено користење на прелистувачот треба да се инсталира сертификат на издавачот на сертификати (SIGEN-CA). Упатствата за инсталација можете да ги најдете на адресата http://www.sigen-ca.si/spletna/ca-cert-namestitev.php.

    Кој начин на пријавување да го користам? (1)

    Го користите оној начин на пријавување што најмногу ви одговара. Во COBISS+ постојат разлики во однос на функционалностите што ги овозможува начинот на пријавување.

    ФункционалностиМојата библиотека (COBISS AAI)ArnesAAIGoogleFacebookе-адреса
    Непосредна пријава на сметката на библиотеката во која сте зачленети и автоматско додавање на таа библиотека на списокот Моите библиотеки во рамки на профилот Мојот COBISSДасамо студентиНЕНЕНЕ
    Пристап до лиценцирани бази на податоци (на пр. пристап до базите на податоци JCR итн.) во рамки на COBISS+ и до други услуги на други платформиДАДАНЕНЕНЕ
    Употреба на сите услуги на сервисот Моите библиотеки (продолжување на рокот на зајмената граѓа, резервации итн.)ДАза користење на сервисот Моите библиотеки е потребна авторизирана врска со сервисот Моите библиотеки (за студенти се извршува автоматски)за користење на сервисот Моите библиотеки е потребна авторизирана врска со сервисот Моите библиотекиза користење на сервисот Моите библиотеки е потребна авторизирана врска со сервисот Моите библиотекиза користење на сервисот Моите библиотеки е потребна авторизирана врска со сервисот Моите библиотеки
    Користење на сите услуги на профилот Мојот COBISS (Моите библиотеки, Мојата полица, Моите пребарувања итн.)ДАДАДАДАДА

    Во продолжение детално се опишани поединечните начини на пријавување.

    Мојата библиотека (пријавување COBISS AAI)

    Пријавувањето COBISS AAI овозможува потполна функционалност при употребувањето на COBISS+ (види горна табела на функционалност). На располагање се два обрасци за пријавување:

    • класична библиотечна пријава
    • пријавување преку Libroam

    И во двата случаи мора да бидете член на библиотеката во која добивате членска карта со број на членот и лозинка за користење на услугите на библиотеката.

    Со оваа пријава ви е обезбеден и пристап до лиценцираните извори на информации кои ви ги нуди библиотеката (на пр. пристап до базите на податоци JCR).

    Класична библиотечна пријава

    Тоа е начин на пријавување каде ја избирате библиотеката, го внесувате бројот на членската карта и лозинката. Со кликнување на копчето Пријавување и правилен внес на податоците за авторизација доаѓате во профилот Мојот COBISS.

    Пријавување преку Libroam

    Со кликнување на ливчето на образецот за пријавување Пријавување преку Libroam се отвора можноста за пријавување со корисничкото име и лозинка од Libroam.

    Структурата на корисничкото име е:

    Корисничко имеПример
    xxxxx.nnnnnnn@libroam.siizum.1234567@libroam.si

    xxxxx – акроним на библиотеката

    nnnnnnn – број на членската карта (нулите на почетокот можете да ги изоставите)

    Повеќе информации за безжичната мрежа Libroam се на располагање на интернет адресата http://home.izum.si/cobiss/libroam/.

    #####Заборавена лозинка и почетно поставување на лозинкатаДоколку сте ја заборавиле лозинката, можете повторно да ја поставите. Најпрво кликнувате на опцијата Заборавена лозинка која се наоѓа под образецот за пријавување. Се прикажува нов образец во кој ги внесувате податоците за библиотеката, бројот на членската карта и е-адресата. По кликнување на копчето Испрати барање добивате линк за менување на лозинката на испратената е-адреса. Е-адресата мора да биде иста како и е-адресата која е внесена за соодветната библиотека во сервисот Моите библиотеки, бидејќи со тоа се овозможува проверување на идентитетот на корисникот. По кликнување на линкот во примената е-порака, можете да поставите нова лозинка.

    Доколку се уште немате лозинка за пријавување, можете да ја поставите самите. Најпрво кликнувате на опцијата Постави лозинка за Мојата библиотека која се наоѓа под образецот за пријавување. Се прикажува нов образец во кој ги внесувате податоците за библиотеката, бројот на членската карта и е-адресата. Оттаму постапката е иста како и во случајот на заборавена лозинка.

    Пријавување преку ArnesAAI

    Во COBISS+ можете да се пријавите и преку Федерацијата ArnesAAI. Корисниците од институциите кои се придружиле на оваа федерација, можат да се пријават во профилот Мојот COBISS. На корисниците со актуелен статус студент во исто време му е овозможено и пријавување во сервисот Моите библиотеки, додека останатите корисници (ученици, учители, професори и др.) за користење на сервисот Моите библиотеки мораат да уредат авторизирана врска помеѓу профилот Мојот COBISS и сервисот Моите библиотеки.

    За пријавување преку ArnesAAI ги користите корисничкото име и лозинката кои ги добивате во својата матична установа и се користат за бројни услуги, на пр. користење на безжичната мрежа Eduroam.

    Со избирање на пријавувањето ArnesAAI пренасочени сте на порталот на Arnes за избор на IdP на домашната организација. Од паѓачкиот список ја избирате својата организација и по желба овој избор го зачувувате како стандарден. По потврдување на копчето Изберете, пренасочени сте на прозорецот за пријавување на домашната организација, кој од вас бара да го внесете корисничкото име и лозинката. По правилен внес на податоците за авторизација влегувате во профилот Мојот COBISS.

    Повеќе информации за федерацијата ArnesAAI се на располагање на интернет адресата https://aai.arnes.si/.

    Пријавување преку сметка на Google+ или Facebook

    Можете да се пријавите и со податоците кои ги користите за пријавување во своите сметки на Google+ или Facebook.

    Кога се пријавувате првпат, со кликнување на копчето Google+ или Facebook се отвора дополнителен прозорец во кој дозволувате COBISS+ да пристапи до некои податоци од корисничкото име на Google+ или Facebook. По правилно внесување на податоците за авторизација доаѓате во профилот Мојот COBISS.

    При следните пријавувања автоматски се пријавувате во профилот Мојот COBISS. За користење на сервисот Моите библиотеки мора да воспоставите авторизирана врска во рамки на профилот Мојот COBISS.

    Повеќе информации за сметката на Google+ се на располагање на интернет адресата https://myaccount.google.com.

    Пријавување со е-адреса

    Ако претходните начини на пријавување не ви одговараат, профилот Мојот COBISS можете да го креирате сами. Со кликнување на опцијата Креирај профил Мојот COBISS (со е-адреса) се прикажува образец за внес на основните кориснички податоци, т.е. Име за приказ и Е-адреса. Треба да се изврши и сигурносна проверка со потврдување на опцијата Не сум робот која се испишува во прозорецот за проверување. Кога ќе потврдите дека сте согласни со условите за употреба и правилата за заштита на приватноста, на електронската адреса ќе добиете порака со линкот за поставување на пристапот до услугите на профилот Мојот COBISS. Со кликнување на линкот кој сте го добиле во е-пораката доаѓате во профилот Мојот COBISS во кој ја поставувате лозинката за користење на услугата. Со поставување на лозинката успешно сте го завршиле креирањето профил Мојот COBISS, така што можете да продолжите со пријавувањето.

    Во прозорецот за пријавување го внесувате корисничкото име (е-адреса) и лозинката која ја поставивте во профилот Мојот COBISS. По правилен внес на податоците за авторизација сте пријавени во корисничкиот профил.

    Корисничкото име, лозинката или е-адресата можете да ги смените било кога со опцијата Уреди го Мојот COBISS. Заборавената лозинка можете повторно да ја поставите со опцијата Заборавена лозинка? во образецот за пријавување.

    Моите библиотеки

    Сервисот Моите библиотеки им овозможува на корисниците увид во зајмената, резервираната и во друга граѓа, во историјата на зајмувањето, меѓубиблиотечното зајмување, долговите и ограничувањата во библиотеката, е-известувањето и други услуги кои библиотеката им ги нуди на своите корисници.

    За користење на сервисот Моите библиотеки потребно е да се пријавите (види поглавје "Пријавување во COBISS+"). Во случај на пријавување преку COBISS AAI обезбедена е автоматска врска со сервисот Моите библиотеки, а во случај на другите начини на пријавување авторизираното пријавување треба да го воспоставите рачно.

    Со кликнување на саканата библиотека или на саканиот број членска карта, доаѓате до страницата со податоци за зајмената граѓа. Над списокот се наоѓа редица со менија во која можете да преоѓате од една додадена библиотека во друга, да го користите линкот на домашната интернет страница, да го погледнете работното време или адресата, телефонскиот број и е-адресата на избраната библиотека. Во десниот дел на редицата со менија се испишуваат бројот на членската карта и датумот на нејзиното важење.

    Граѓа

    По пријавувањето во сервисот Моите библиотеки, прикажана е сета евидентирана граѓа во избраната библиотека.

    Распоредена е во четири списоци на одделни ливчиња:

    • Зајмена (граѓа која сте ја зајмиле надвор од библиотеката)
    • Резервирана (граѓата која сте ја резервирале, резервираната граѓа која ве чека во библиотеката и сл.)
    • Друга граѓа (граѓата која сте ја зајмиле за читалница, изгубена граѓа и сл.)
    • Е-книги (е-книги кои сте ги зајмиле на порталот за зајмување е-книги)

    Во зависност од услугите кои библиотеката им ги нуди на своите членови, за зајмената граѓа можете да го продолжите рокот на зајмување, а за резервираната граѓа да ја откажете резервацијата.

    Продолжување на рокот за зајмување

    Продолжувањето на рокот за зајмување преку COBISS+ е изводливо само во библиотеките кои на своите членови им ја овозможуваат оваа услуга. Освен тоа, треба да бидат исполнети и следните услови:

    • треба да имате дозвола од библиотеката за продолжување на рокот за зајмување
    • треба да бидат намирени сите евентуални обврски спрема библиотеката (членарина, задоцнина, опомени...)
    • за граѓата не смеат да постојат ограничувања кои оневозможуваат продолжување на рокот за зајмување

    За зајмените е-книги рокот за зајмување не може да се продолжи.

    Рокот за зајмување за одделен примерок граѓа го продолжувате така што на списокот на зајмена граѓа го означувате полето за потврдување покрај примерокот (1. колона) и потоа кликнувате на копчето Продолжи го избраното. Ако сакате да го продолжите рокот за зајмување за сета зајмена граѓа истовремено, го означувате полето за потврдување во редицата на наслови на табелата и потоа кликнувате на копчето Продолжи го избраното.

    Над ливчето со евидентирана граѓа се испишува порака за тоа колку примероци зајмена граѓа се избрани за продолжување и за колку избрани примероци рокот за зајмување бил успешно, односно неуспешно продолжен.

    Доколку рокот за зајмување е успешно продолжен, кај примерокот се покажува зелена ознака, а во колоната Да се врати до се испишува новиот рок за враќање. На списокот со граѓата примерокот се подредува според рокот на враќање.

    Доколку рокот за зајмување не може да се продолжи за целиот период на продолжување, бидејќи бројот на продолжувања е ограничен, се испишува предупредување:

    "Рокот за зајмување не може да се продолжи или продолжувањето е неуспешно."

    Доколку во списокот на зајмена граѓа, пред примерокот наместо поле за потврдување има знак за предупредување, рокот за зајмување не може да се продолжи. При поминување со глувчето преку примерокот, во екранскиот совет се испишува објаснување зошто рокот за зајмување не може да се продолжи.

    ПоракаОбјаснување
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи библиотеката не ја овозможува таа услуга.Библиотеката на своите членови не им ја овозможува услугата за продолжување на рокот за зајмување преку COBISS+.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи во библиотеката имате забрана за зајмување.Библиотеката ви поставила ограничување.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи немате дозвола од библиотеката за продолжување.Библиотеката ви поставила ограничување.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи не сте ги намириле вашите обврски спрема библиотеката.Во библиотеката имате ненамирени обврски (на пр. задоцнина, опомена итн.).
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи бројот на можни ограничувања е веќе достигнат.Библиотеката одредила ограничување на продолжувањата.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи ви изминало членството.Членството кое библиотеката го пресметува е изминато.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи изминал рокот за зајмување на барем еден примерок.Во случај на ненавремено враќање, библиотеката не дозволува продолжување на рокот за зајмување за ниту еден од зајмените примероци.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи е изминат. Ве молиме да ја вратите граѓата што поскоро.Изминат е рокот за зајмување кој за примерокот сакате да го продолжите.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи за примерокот е одредено ограничување на зајмувањето.Библиотеката за тој примерок одредила ограничување на зајмувањето (на пр. примерок за читалница, архивски примерок).
    Рокот за зајмување за тој вид граѓа не може да се продолжи.Библиотеката не дозволува продолжување на рокот за зајмување за одреден вид граѓа (на пр. видеокасети).
    Рокот за зајмување не може да се продолжи бидејќи е веќе одреден понов датум на враќање.За примерокот е веќе одреден понов датум на враќање отколку што би бил ако би го продолжиле рокот за зајмување.
    Рокот за зајмување не може да се продолжи, бидејќи примерокот е веќе зајмен на неопределено време.Примерокот е веќе зајмен на неопределено време (датумот на враќање е 31.12.9999).
    Рокот за зајмување не е продолжен, бидејќи граѓата е веќе резервирана.Граѓата ја резервирал друг член.
    Рокот за зајмување не е продолжен, бидејќи за граѓата сте примиле опомена на ден дд.мм.гггг.За примерокот веќе сте добиле опомена која во библиотеката при продолжување на рокот за зајмување не е избришана.

    Ако на списокот на зајмена граѓа можете да го означите полето за потврдување покрај примерокот, но продолжувањето заради техничка грешка е оневозможено, по кликнување на копчето Продолжи го избраното се испишува пораката "Грешка при продолжувањњ на рокот за зајмување: ˂опис на грешката.˃"

    Резервирање граѓа

    По успешно пребарување на граѓата и приказ на резултатите од пребарувањето, со кликнување на одделен запис се прикажуваат деталните податоци за граѓата и за фондот во одделни библиотеки. Доколку библиотеката овозможува резервирање на граѓата и доколку членот нема посебни ограничувања во врска со резервациите, со кликнување на копчето Резервирај можете да ја резервирате граѓата. За користење на оваа можност мора да бидете пријавени во COBISS+ и во профилот Мојот COBISS мора да ја имате додадена библиотеката во која ја правите резервацијата. Ако во сервисот Моите библиотеки се додадени повеќе библиотеки, при правење резервација, системот ве прашува во која библиотека и за кој број на членот сакате да направите резервација. Ако во сервисот Моите библиотеки се уште не сте додале ниту една библиотека, системот бара авторизирана пријава за таа библиотека.

    По потврдување на изборот за резервација и успешно пријавување во COBISS+, се извршува резервацијата (доколку не важи ниту едно ограничување). Се испишуваат податоците за резервираниот примерок и соодветна порака:

    • При резервирање на слободен примерок се испишува: "Слободната граѓа ви ја резервиравме. Кога граѓата ќе биде подготвена, ќе ве известиме по е-пошта." или "Слободната граѓа ви ја резервиравме. Избраната граѓа ќе ве чека во библиотеката до дд.мм.гггг."
    • При резервирање примерок кој не е слободен се испишува: "Резервиравте граѓа која не е слободна. Кога граѓата ќе биде достапна, библиотеката ќе ве извести во согласност со начинот на известување. Резервацијата важи до дд.мм.гггг." или "Граѓата е резервирана. Ве молиме да проверите кога ќе биде достапна. Резервацијата важи до дд.мм.гггг."

    Резервираната граѓа се додава во списокот на резервирана граѓа кој можете да го прегледате со кликнување на ливчето Резервирана во сервисот Моите библиотеки.

    Граѓата не може да се резервира

    Во некои случаи граѓата не може да се резервира, а копчето Резервирај е неактивно. Причини за тоа можат да бидат:

    • примерокот припаѓа на одделение на библиотека која нема автоматизирано зајмување
    • примерокот припаѓа на одделение на библиотека која не овозможува резервации
    • примерокот е со ограничена достапност
    • примерокот е зајмен на неопределено време

    Во овие случаи најдобро е корисникот да се обрати до библиотеката која ја има саканата граѓа во врска со резервацијата.

    Резервацијата е неуспешна

    Ако примерокот може да се резервира, но резервацијата е неуспешна, по кликнување на копчето Резервирај се испишува пораката "Резервацијата не успеа." и порака која е причината за тоа:

    ПоракаОбјаснување
    Резервацијата не може да се изврши, бидејќи во библиотеката имате забрана за зајмување.Библиотеката ви поставила ограничување.
    Резервацијата не може да се изврши, бидејќи немате дозвола од библиотеката за резервација на граѓата преку COBISS+.Библиотеката ви поставила ограничување.
    Резервацијата не може да се изврши, бидејќи не сте ги намириле своите обвски спрема библиотеката.Во библиотеката имате ненамирени обврски (на пр. задоцнина, опомени итн.).
    Резервацијата не може да се изврши, бидејќи можете да резервирате само одреден број примероци: n.Библиотеката одредила ограничување на бројот на резервации.
    Резервацијата не може да се изврши, бидејќи ви изминало членството.Ви изминало членството кое библиотеката го пресметува.
    Резервацијата не може да се изврши, бидејќи изминал рокот за зајмување за барем еден примерок.Библиотеката не дозволува резервација на граѓата, ако навремено не сте ја вратиле зајмената граѓа.
    Резервацијата не може да се изврши, бидејќи граѓата веќе ја резервирале одреден број членови.Библиотеката поставила ограничување на бројот на членови кои можат да резервираат иста граѓа (најголемиот можен број резервации е одреден за секоја библиотека поодделно).
    Граѓата веќе сте ја зајмиле на дд.мм.гггг.Граѓата веќе сте ја зајмиле.
    Граѓата веќе сте ја резервирале на дд.мм.гггг.Граѓата веќе сте ја резервирале.
    Грешка при резервирање на граѓата: (опис на грешката).Техничка грешка при изведување на резервирањето.

    Внимание: Ако граѓата веќе сте ја добиле, резервацијата ја откажувате што поскоро преку COBISS+ или ја известувате библиотеката за да може да ги избрише неактуелните резервации.

    Откажување резервации

    Резервацијата може да се откаже преку COBISS+ само во библиотеките кои на своите членови им ја овозможуваат оваа услуга.

    Можете да откажете резервација на граѓа:

    • која во моментот е зајмена од друг член (чекате на ред)
    • која е во обработка
    • која веќе ве чека во библиотеката

    Резервацијата ја откажувате така што во списокот на резервирана граѓа го означувате полето за потврдување покрај граѓата (1. колона), а потоа кликнувате на копчето Откажи го избраното. Ако сакате да ги откажете сите резервации истовремено, го означувате полето за потврдување во насловната редица на табелата, а потоа кликнувате на копчето Откажи го избраното.

    По кликнување на копчето Откажи го избраното, во првата колона за граѓата се прикажува знакот за предупредување, а во колоната Статус се испишува пораката: "Резервацијата е откажана." Граѓата е избришана од списокот на резервирана граѓа.

    Ако во списокот на резервирана граѓа во првата колона се наоѓа знакот за предупредување, резервацијата не може да се откаже, бидејќи библиотеката го ограничила откажувањето на резервацијата, зависно од тековниот статус на граѓата во зајмувањето. Во екранскиот совет се гледа зошто резервацијата не може да се откаже.

    Историја на зајмувањата

    Во сервисот Моите библиотеки можете да добиете увид во историјата на зајмената граѓа, откако ќе кликнете на опцијата Историја на зајмувањата. Се испишува список со граѓата која сте ја зајмиле надвор од библиотеката, за читалница или во циркулација, како и списокот на зајмени е-книги за време на тековната година. Од паѓачкиот список можете да ја изберете годината за која ќе се испише списокот на зајмена граѓа.

    ##Меѓубиблиотечно зајмување Доколку саканата граѓа не е на располагање во библиотеката во која сте зачленети, можете да испратите нарачка за меѓубиблиотечно зајмување. Услов за тоа е библиотеката да ја користи програмската поддршка COBISS3/Меѓубиблиотечно зајмување и на своите членови да им ја нуди услугата на меѓубиблиотечно зајмување преку COBISS+.

    По успешно пријавување и избор на библиотеката во сервисот Моите библиотеки, можете да испратите нарачки за меѓубиблиотечно зајмување. Можете да ги прегледате и отворените нарачки (нарачана и зајмена граѓа) и заклучените нарачки (нереализираните и реализираните нарачки). Нарачката може да се откаже за отворени нарачки, а рокот за зајмување може да се продолжи.

    Трошоците за меѓубиблиотечно зајмување се во согласност со важечкиот ценовник на библиотеката и ги сноси членот кој ја испраќа нарачката за меѓубиблиотечно зајмување.

    Нарачување граѓа

    Преку COBISS+ можете да испраќате нарачки за меѓубиблиотечно зајмување, ако имате соодветна дозвола од библиотеката и немате ненамирени побарувања спрема библиотеката.

    Најпрвин го барате записот за граѓата која сакате да ја нарачате. Можете да пребарувате во заемната библиографска база на податоци COBIB или во локалните бази на податоци. Кога ќе го најдете записот, веднаш можете да испратите нарачка. Кликнувате на копчето Меѓубибл. зај. над избраниот запис. За користење на оваа опција треба да бидете пријавени во COBISS+, а во Мојот COBISS мора да биде додадена библиотеката за која ја изведувате нарачката. Ако во сервисот Моите библиотеки се додадени повеќе библиотеки, при нарачувањето системот ве прашува за која библиотека и членска карта сакате да ја изведете нарачката. Ако во сервисот Моите библиотеки се уште не сте додале библиотека, системот бара авторизирано пријавување во таа библиотека.

    По успешното пријавување во сервисот Моите библиотеки, системот ве прашува за избор на услуга. Можете да изберете зајмување или купување копија на граѓа.

    Зајмување:
    • монографска публикација (на пр. книга, зборник, CD, DVD итн.)
    • сериска публикација (на пр. списание, дневен весник итн.)
    Купување копија:
    • составен дел во монографска публикација
    • статија во сериска публикација
    • стандард
    • патент

    Со кликнување на копчето Понатаму преоѓате на внес на податоци. Ако записот веќе сте го избрале, податоците за граѓата се пополнуваат автоматски. Овие податоци можете да ги дополните; врзани се за видот на граѓата која сте ја избрале. Во образецот внесувате:

    • податоци за граѓата
    • општи податоци за нарачката
    • податоци за известување
    Податоци за граѓата

    За монографските публикации задолжително треба да го внесете насловот, а за сериските публикации насловот и годината или годиштето.

    За составните делови и статиите, освен податоците за сериската публикација, задолжително треба да се внесат и насловот, авторот или обемот на страници (од...до). За стандардите, задолжителен е внес на насловот или ознаката на стандардот, а за патентите насловот или бројот на објавување на патентот.

    Општи податоци за нарачката

    Можете да внесете датум до кој сакате да ја добиете граѓата и износот до кој сте спремни да платите за набавка на граѓата (ако дозволувате нарачување на граѓата од странство; набавката на граѓа од библиотеките се пресметува според важечкиот ценовник). Можете да означите дали дозволувате вашата библиотека да ја нарача граѓата од странство и на кој начин ќе ја преземете граѓата.

    Податоци за известување

    Можете да одредите дали библиотеката треба да ве известува за вашата нарачка по пошта, телефон (фиксен или мобилен) или по е-пошта. Дополнително можете да одредите дали сакате да добиете SMS-известување дека граѓата стигнала или дека не може да се набави. Можете да внесете и општа забелешка за нарачката.

    Со кликнување на копчето Потврди, преоѓате на последниот чекор на нарачувањето, т.е. потврдување на нарачката, каде уште еднаш можете да ги прегледате податоците што сте ги внеле. Ако сакате нешто да смените, кликнувате на копчето Внес на податоци, а во спротивен случај копчето Испрати. Се испишуваат бројот на нарачката и порака дека нарачката е испратена.

    Пред да ја потврдите или да ја испратите нарачката, можете да ја откажете со кликнување на копчето Откажи.

    Статусот на испратената нарачка можете да ја видите на списокот на нарачана граѓа кај отворените нарачки.

    Граѓата можете да ја нарачате и без претходно пребарување со опцијата Меѓубиблиотечно зајмување во сервисот Моите библиотеки. Во овој случај комплетниот внес на податоците за нарачаната граѓа треба да ја пополните самите.

    Внимание: Библиотеката може да го ограничи нарачувањето на граѓата, така што ќе го одреди бројот на отворени нарачки кој не смее да се пречекори, за да можете и понатаму да испраќате нарачки за меѓубиблиотечно зајмување преку COBISS+. Кога тој број ќе се достигне, граѓата можете да ја нарачате во библиотеката, но библиотекарот ќе одлучи дали новата нарачка за меѓубиблиотечно зајмување ќе ја прифати или ќе ја одбие.

    Отворени нарачки

    Отворените нарачки вклучуваат и нарачана и зајмена граѓа.

    Во списокот на нарачана граѓа се наоѓаат нарачките за кои се уште не сте добиле граѓа. Нарачката на списокот можете да ја откажете така што го означувате полето за потврдување покрај нарачката и кликнувате на копчето Откажи го избраното. Можете да означите повеќе нарачки или сите нарачки истовремено. Сите нарачки за откажување ги избирате така што со кликнување го означувате полето за потврдување во насловната редица на табелата, а потоа кликнувате на копчето Откажи го избраното. Можете да ги откажете само нарачките кои во постапката на меѓубиблиотечно зајмување имаат еден од следните статуси:

    • нарачката е примена (откажувањето се врши веднаш, ако е нарачката испратена преку COBISS+, во спротивно мора да го одобри библиотеката)
    • нарачката е одобрена (откажувањето мора да го одобри библиотеката)
    • нарачано кај доставувачот (откажувањето мора да го одобри библиотеката)

    По кликнување на копчето Откажи го изабраното се испишуваат податоците за избраната нарачка со зелена ознака во првата колона. Нарачката е откажана.

    Постојат два вида откажување нарачка:

    • нарачката е испратена преку COBISS+ и откажувањето е изведено веднаш ("Нарачката е откажана.")
    • откажувањето мора да го одобри библиотеката ("Барањето за откажување чека одобрување.")

    Додека вашето барање за откажување не биде одобрено или одбиено, во списокот на нарачана граѓа, кај нарачките во колоната Статус на обработката, испишана е порака "Чека одобрување". Кога откажувањето ќе биде одобрено, нарачката се пренесува во списокот на нереализирани нарачки кај заклучените нарачки. Ако откажувањето не е одобрено, во колоната Статус на обработката се испишува пораката "Барањето е одбиено", а нарачката останува во списокот на нарачана граѓа кај отворените нарачки.

    Во списокот на зајмена граѓа се наоѓаат нарачките кои се однесуваат на меѓубиблиотечното зајмување на тековно зајмената граѓа. За примерок, на кој рокот за зајмување се уште не му изминал, можете да барате продолжување на рокот за зајмување така што го означувате полето за потврдување покрај примерокот и кликнувате на копчето Продолжи го избраното (можете да означите и повеќе примероци истовремено; сите примероци ги означувате истовремено со кликнување на полето за потврдување во насловната редица на табелата).

    По кликнување на копчето Продолжи го избраното, се испишуваат податоците за зајмениот примерок за кој сакате да го продолжите рокот за зајмување и пораката "Барањето за продолжување на рокот за зајмување чека одобрување.".

    Додека барањето за продолжување на рокот за зајмување не биде одобрено или одбиено, во списокот на зајмена граѓа, во колоната Продолжување, за примерокот се испишува пораката "Чека одобрување.". Ако продолжувањето на рокот за зајмување не е одобрено, се испишува пораката "Барањето е одбиено.". Ако продолжувањето на рокот за зајмување е одобрено, се менува рокот на враќање.

    Заклучени нарачки

    Заклучените нарачки вклучуваат и нереализирани и реализирани нарачки.

    Во списокот на нереализирани нарачки се наоѓаат нарачките кои сте ги откажале, нарачките кои библиотекарот ги одбил и нарачките кои од било која причина не се реализирани. Разлогот за одбивање или нереализирање можете да прочитате во забелешките.

    Во списокот на реализирани нарачки се наоѓаат нарачките за који сте ја добиле граѓата и сте ја вратиле во случај на зајмување.

    Долгови и ограничувања

    Причините заради кои не можете да го продолжите рокот за зајмување или да ја резервирате граѓата можат да бидат ненамирени побарувања или некои други ограничувања, кои можете да ги погледнете откако ќе кликнете на опцијата Долгови и ограничувања.

    • список на ненамирени обврски

      Ненамирените обврски спрема библиотеката ги опфаќаат вашите парични обврски кои се уште не сте ги намириле. Доколку библиотеката овозможува намирување на побарувањата преку Монета, под списокот на ненамирени обврски се наоѓа копчето Плати со МОНЕТА. Ако ненамирените побарувања биле единствена причина заради која не сте можеле да го продолжите рокот за зајмување, да резервирате граѓа или да испратите нарачка за меѓубиблиотечно зајмување, овие услуги во сервисот Моите библиотеки можете повторно да ги користите по успешно плаќање со Монета.

    • тековна задоцнина (пенали)

      Ако сте зајмиле граѓа на која веќе и изминал рокот за зајмување, се испишува износот на тековната задоцнина (т.е. задоцнината која мора да ја платите кога таа граѓа би ја вратиле веднаш).

    • посебни ограничувања

      Станува збор за ограничувања кои ги поставила библиотеката. Заради различни причини, одредени услуги кои библиотеката ги овозможува во COBISS+ се недостапни за вас. Заради ограничувањето оневозможено зајмување на пр. не можете да го продолжите рокот за зајмување или да резервирате граѓа. Ограничувањето изгубена членска карта е од информативно значење и не влијае врз можноста за употреба на онлајн услугите на библиотеката.

    • општи ограничувања

      Тоа се ограничувања кои ги поставила библиотеката, според интерните правила на работењето:

      • максимален број зајмени примероци надвор од библиотеката
      • максимален број зајмени примероци за читалница
      • максимален број резервации
      • број на можни продолжувања на рокот за зајмување за одделни примероци (ако бројот на можни продолжувања е на пр. 2, а рокот за зајмување и рокот за продолжување е 1 месец, тоа значи дека последниот рок за враќање е 3 месеци од датумот на зајмување, доколку рокот за зајмување го продолжувате и доколку нема некои други ограничувања.)

    За сите дополнителни информации во врска со ненамирените обврски и ограничувања треба да се обратите на библиотеката.

    Е-известување

    Библиотеката на своите членови им нуди опција за е-известување. Можете да го изберете само оној вид известувања кои ги овозможува библиотеката, под услов на библиотеката веќе да сте и ги дале вашата е-адреса или бројот од мобилниот телефон.

    Со користење на опцијата Е-известување од паѓачкиот список или на ливчињата можете да ги изберете поставувањата, да ја внесете е-адресата или бројот од мобилниот телефон.

    Е-адреса

    Доколку библиотеката се уште не ја зачувала вашата е-адреса на која сакате да добивате известувања, треба да ја внесете пред да се пријавите на е-известување. Е-адресата можете да ја внесете по кликнување на ливчето Е-адреса, а таму можете и да ја смените.

    Внес или менување на бројот за SMS-известување

    Доколку библиотеката се уште не го зачувала бројот на вашиот мобилен телефон на кој сакате да добивате SMS-известувања, треба да го внесете пред да се пријавите на SMS-известување. Бројот на мобилниот телефон можете да го внесете по кликнување на ливчето Број за SMS-известување, а таму можете и да го смените.

    Внимание: Избраните SMS-известувања ќе ги добивате на мобилен телефон само доколку вашиот оператор овозможува испраќање комерцијални SMS-пораки и доколку не сте го откажале примањето на таквите пораки.

    Поставувања

    Можете да ги изберете само известувањата кои ги овозможува библиотеката.

    ИзвестувањеОбјаснување
    Известување за изминување на резервацијатаБиблиотекате ве известува дека ја избришала резервацијата на која и изминал рокот на важење.
    Известување за пристигната резервирана граѓаБиблиотеката ве известува дека е вратена граѓата која била зајмена при вашето резервирање.
    Известување за претстојно изминување на рокот за зајмувањеБиблиотеката ве известува дека на граѓата која сте ја зајмиле и изминува рокот за зајмување. Колку дена пред истекот на рокот за зајмување ќе го добиете ова известување зависи од библиотеката. Рокот за зајмување можете да го продолжите преку COBISS+ се додека не измине.
    Известување за претстојна опоменаБиблиотеката ве известува дека рокот за зајмување изминал и дека во следните денови ќе добиете опомена, доколку пред тоа не ја вратите граѓата. Колку дена пред приемот на опомената ќе го добиете ова известување зависи од библиотеката.
    Известување за изминување на членствотоБиблиотеката ве известува дека на одредениот датум ќе ви измине членството. Колку дена пред истекот на членството ќе го добиете ова известување зависи од библиотеката.
    Општи известувања на библиотекатаБиблиотеката може да ви испраќа разновидни известувања во врска со работењето, настани (на пр. изложби) и сл.

    Менување лозинка

    Лозинката, која ви ја доделиле во библиотеката, можете да ја смените со кликнување на опцијата Менување лозинка во сервисот Моите библиотеки. Доколку сте ја заборавиле лозинката, можете да испратите барање за доделување нова лозинка, со кликнување на линкот Заборавена лозинка под образецот за пријавување.

    Внимание: При пријавување преку Федерацијата ArnesAAI за информации во врска со податоците за авторизација треба да се обратите на администраторите на институционалните LDAP-понудувачи. При пријавување преку сметка на Google+ или Facebook поставувањето на лозинката се уредува во сметките на Google+ или Facebook. При пријавување со е-адреса лозинката за пријавување во профилот Мојот COBISS можете да ја смените во профилот со опцијата Уреди го Мојот COBISS.

    Кориснички профил Мојот COBISS

    Корисничкиот профил Мојот COBISS е простор во кој ја чувате содржината која сте ја побарале и во кој ги уредувате поставувањата на интерфејсот COBISS, како што е поставувањето на стандардната библиотека при пребарување, поврзување на различни сметки на сервисот Моите библиотеки, чување на извршените барања за пребарување итн. Со овие поставувања можете да го приспособите корисничкито интерфејс и на тој начин да си ја олесните работата.

    Корисничкиот профил Мојот COBISS се наоѓа во десниот дел на прозорецот, во редицата со менија. За употреба на профилот потребно е корисникот да се пријави. Профилот се креира автоматски при првото пријавување во COBISS+, освен во случајот на креирање профил со е-адреса.

    По успешното пријавување, во профилот Мојот COBISS ги користите следните опции:

    • Моите библиотеки
    • Мојата полица
    • Моите пребарувања
    • Поставувања
    • Уреди го Мојот COBISS
    • Одјавување

    Моите библиотеки

    Со кликнување на опцијата Моите библиотеки се испишува списокот на библиотеки во кои корисникот е член и кои се поврзани со профилот Mojот COBISS. Ако корисничкиот профил Mojот COBISS не е поврзан со ниту една библиотека, овој список е празен. Списокот на библиотеки содржи податоци за библиотеката, членската карта, зајмената и резервираната граѓа итн. Со кликнување на библиотеката доаѓате во сервисот Моите библиотеки во кој ви се на располагање детални податоци за зајмената граѓа и други опции што ги нуди библиотеката. Во профилот, од списокот отстранувате библиотека, која е поврзана со профилот Мојот COBISS, со кликнување на копчето Отстрани.

    Со кликнување на копчето Додај библиотека, правите авторизирана врска со сервисот Моите библиотеки. По успешно потврдување на податоците за авторизација, библиотеката се додава во списокот на библиотеки поврзани со профилот Мојот COBISS. Можете да додадете повеќе членства за иста библиотека, на пр. и за членовите на семејството кои ја посетуваат истата библиотека.

    Зошто е потребно да сте поврзани со библиотеките?

    Оваа поврзаност ви овозможува едноставен преод од корисничкиот профил во сервисот Моите библиотеки, бидејќи не е потребно ново пријавување. Во профилот можете да ги поврзете сите библиотеки во кои сте зачленети, а потоа едноставно ги менувате услугите на сервисот Моите библиотеки.

    Внимание: Ако во сервисот Моите библиотеки ја смените лозинката, на списокот поврзани библиотеки, кај библиотеката со сменета лозинка се појавува клуч кој ве предупредува дека е потребно ново авторизирано пријавување во сервисот Моите библиотеки. Кога ќе кликнете на клучот, за да се пријавите, системот од вас бара внес на податоците за авторизација. Ако е авторизацијата успешна, клучот се губи од списокот на библиотеки поврзани со профилот Мојот COBISS.

    Мојата полица

    Записите можете да ги зачувате на Мојата полица. Ги зачувувате така што на списокот на резултати од пребарувањето ќе ги означите, а потоа кликнувате на копчето На полица. За зачувување на записите потребно е да сте пријавени во COBISS+.

    Кога во менито на профилот ја користите опцијата Мојата полица се испишува списокот со граѓата. Со овие записи за граѓата можете потоа да управувате, т.е. можете да ги испратите по е-пошта, да ги отпечатите, да ги извезете во формат RIS или Excel-табела итн. Тоа го правите така што ги означувате записите и ги употребувате копчињата во менито над списокот со граѓа.

    Можете да го поставите бројот на записи кои се прикажуваат на екранот, да пребарувате по списокот Мојата полица или да ги избришете записите од списокот со кликнување на "X".

    Моите пребарувања

    Изведените пребарувања можете да ги зачувате и подоцна повторно да ги употребите. Со кикнување на копчето Зачувај пребарување, над списокот со резултати, го зачувувате барањето за пребарување во профилот Мојот COBISS. За чување на пребарувањата треба да сте пријавени во COBISS+.

    Зачуваните барања за пребарување се наоѓаат во корисничкиот профил Моите пребарувања. На списокот со зачувани пребарувања се прикажуваат податоците за извршувањето на пребарувањето, барањето за пребарување и базата на податоци во која е извршено пребарувањето. Со кликнување на барањето за пребарување, пребарувањето повторно се извршува.

    Може да пребарувате по списокот со барања за пребарување. Со кликнување на црвеното копче Избриши, барањето за пребарување го бришете од списокот на зачувани пребарувања. Списокот на зачувани барања за пребарување може да се приспособи за да се прикажуваат 5, 15 или 20 пребарувања или сите зачувани пребарувања.

    Поставувања

    Со опцијата Поставувања можете корисничкиот интерфејс COBISS+ да го приспособите на вашите потреби. Можете да поставите:

    • стандарден начин на пребарување
    • стандардни библиотеки при пребарување
    • релевантност на резултатите од пребарувањата
    • напредни опции
    • корисничкиот интерфејс
    • бројот на прикажани погодоци на пребарувањата

    За стандарден начин на пребарување можете да поставите основно, изборно или командно пребарување. Стандардната вредност е основно пребарување, меѓутоа, ова поставување можете да го смените или да го приспособите на вашиот стандарден избор.

    Можете да поставите стандарден каталог или повеќе каталози на библиотеки по кои сакате да пребарувате. Во прозорецот Стандардна библиотека за пребарување, во паѓачкоиот список ги избирате саканите каталози на библиотеката.

    Доколку сакате да влијаете врз релевантноста на резултатите на пребарувањата, т.е. да го смените стандардното поставување, така што на списокот на резултати на пребарувањата најпрво да се прикажува граѓата која одговара на вашите лични преференции, ја користите опцијата Релевантност на резултатите на пребарувањата. Ако се на пр. статиите важна цел на пребарувањата, избирате соодветно поставување и алгоритамот за релевантност ќе го зема во предвид, така што статиите ќе бидат на врвот од списокот со резултати од пребарувањето. Можете да ги изберете следните опции:

    • не е битно
    • книги
    • статии
    • дипломски работи, истражувачки трудови и сл.

    Напредните опции овозможуваат поставување на некои дополнителни функционалности кои се користат при пребарување, бидејќи претставуваат дел од стандардните вредности. Тоа се:

    • приказ на библиографската граѓа во форматот ISBD
    • приказ на библиографската граѓа во форматот COMARC
    • извоз на библиографската граѓа во форматот RIS
    • извоз на библиографската граѓа во Excel-табела

    Менито за фасетно ограничување можете да го поставите на левата или на десната страна од списокот со резултати на пребарувањата. Системски стандардно поставување е на левата страна.

    Како стандарден можете да го поставите и бројот на прикажани погодоци на страница. Можете да изберете 10, 25 или 100 погодоци. Системски стандардно поставување е 10.

    Со кликнување на копчето Зачувај ги зачувувате поставувањата.

    Уреди го Мојот COBISS

    Во профилот Мојот COBISS можете да ги смените:

    • називот за приказ кој се прикажува во насловот на менијата на профилот
    • лозинката на профилот Мојот COBISS

    Профилот го бришете со кликнување на копчето Бришење на вашиот Мојот COBISS. Со тоа неповратно ги губите сите зачувани записи, пребарувања и други поставувања на профилот.

    При пријавување со е-адреса, покрај наведеното, можете да ги смените и:

    • корисничкото име
    • е-адресата

    Непосредни линкови

    Дадени се примери на непосредни линкова (URL-а) на некои функции во COBISS+.

    ВАЖНО: URL не смее да содржи растојанија, дијакритички знаци (č, š, ž) и некои други знаци. Наместо растојание, треба да се внесе "+" или "%20".

    Начини на пребарување

    Примери:

    Влез во одредена библиотека

    Примери:

    Совет:Во параметарот db внесувате акроним на библиотеката.

    Влез во одредена база на податоци

    Пример:

    Совет:

    Ако станува збор за база на податоци, зад последната коса црта ("/") внесувате кратенка за таа база.

    Пребарување

    Примери:

    Испис на записи

    Примери:

    Mojот профил

    Примери:

    Управување со корисничката сесија и одјавување

    Со посетувањето на интернет апликацијата COBISS+ се креира корисничка сесија која може да се заврши на два начини:

    • ако сте пријавени во профилот Мојот COBISS, ја користите опцијата Одјавување
    • со завршување на работењето со интернет прелистувачот во програмата на интернет прелистувачот

    Со завршување на сесијата, привремените поставувања (историја на пребарувањата, начинот на пребарување итн.) се бришат трајно, а поставувањата во профилот Мојот COBISS останнуваат зачувани.

    Внимание!

    Во случај на користење на COBISS+ на јавни компјутери (на пр. во библиотеките), одјавувањето на корисникот е особено важно. Со тоа ги чистите употребените услуги и не им дозволувате на други корисници да ги прегледуваат вашите пребарувања, зајмената граѓа итн. Со тоа го заштитувате вашиот идентитет.


    (1) Во некои национални системи на мрежата COBISS.Net можат да постојат разлики во имплементација на услугите.